Ова е неверојатна лековита билка која се користи цела, како за јадење, така и за лековити цели. И самите пупки од глуварче може да се киселат во тегла, нешто како зимница, но тие се берат напролет.

Глуварчето расте речиси насекаде. Напролет го има на сите ливади. Бесплатен е за собирање, се јаде и многу е лековит. Она што е ни е потребно и што е важно, тоа е чиста животна средина и доколку таквиот услов е исполнет, тогаш глуварчето може да се користи за јадење.

Тоа всушност значи дека пупките нема да ги береме од паркови, од места со сообраќај во загадена градска средина. Кога ќе излеземе од градот, во природа или на село каде воздухот е чист, тоа е вистинската локација за берење на билки, па така и на глуварчето.

Најдобро им е на оние кои имаат викендици во природа, кога таму заминуваат напролет. Пред првото косење на тревата наберете ги пупките од глуварче. Берете ги малечките и тврди пупки кои се’ уште не се отвориле. Кој ја сака салатата од глуварче, сигурно ќе му се допаднат и киселите пупки. Ја имаат истата мала горчлива нота како и салатата.

Подготовка:

Теглите се стерилизираат и се полнат со пупки од глуварче кои претходно добро сте ги измиле. Во шерпа измешајте вода, вински оцет, сол, шеќер и црн пипер. Ставете на оган да зоврие и после кратко готвење, врелата течност истурете ја во теглите со пупки од глуварчиња.

Затворете ја добро теглата со капак и свртете ја наопаку за подобро да се конзервира. Чувајте на погодно место, каде е доволно ладно и темно, но не во фрижидер. На овој начин се киселат пупките од глуварче.

Треба да отстојат некое време на полица, а потоа може да се користат како салата, да се додаваат на многу јадења, да се пржат во омлет… Лекува црн дроб и болести на бели дробови.

Потребни состојки за 1 тегла:

300 г пупки од глуварче

200 мл винска киселина

200 мл вода

1 лажичка сол (или половина супена лажица)

1 лажичка шеќер (или половина супена лажица)

1 лажичка црн пипер во зрно