Денес се бришат женските гревови: Велигденски понеделник, на кој се изведуваат овие 2 обичаи

Loading...

Денес е Велигденски понеделник – првиот ден после Христовото воскреснување кога станал од својот гроб.

Според византискиот обред ова е првиот ден од Светата седмица – седмицата после Велигден.

Богослужењето на овој ден е исто како и за Велигден. Во повеќето наши краеви Велигденските празници траат три дена. На Велигденскиот понеделник се продолжуваат гозбите и веселбите на кои учествуваат роднини, кумови, соседи и пријатели.

Тоа е време кога се собира семејството со фамилијата, па дури и од далечните краишта.

Во некои села се’ уште се задржал еден многу интересен обичај – полевање на девојките со вода. Имено, младите момчиња заедно со свирачи одат да ги посетат девојките, а со себе носат ќуп со вода за да ја полеат девојката.

Симболично, полевањето со вода претставува испирање на претходните гревови кои ги сторила таа девојка, а тоа исто така, потсетува на чинот кога Исус им ги измил нозете на апостолите.

Покрај тоа, се сметало дека ако момчето ја полее девојката – поголеми се шансите дека ќе ја побара за жена истата година. После тоа, девојката ги послужува со фарбани јајца, колачи и вино, а понекогаш заигрува оро заедно со нив.

Следниот понеделник пак, според народното верување и обичаи, треба да се покријат гробовите со зелена трева, а во некои краишта го сметаат и како задушница.

Имено, се оди на гробишта, се палат свеќи, се средуваат гробовите на покојните, а свештеникот врши парастос и помен за покој на душата на починатиот. Тој ден се носат велигденски јајца на гроб и се разделуваат меѓу сиромашните.

Loading...