Денес го видов рецептот, го направив и се воодушевив – МНОГУ ВКУСНО ЈАДЕЊЕ!

Стар традиционален рецепт кој го користеле нашите баби. Овој специјалитет е многу вкусен, но за жал веќе запоставен и заборавен. Но еве се потрудивме да го вратиме назад на нашите трпези.

Потребни состојки:

500 г мелено месо

700 г рендан компир

Loading...

1 јајце

2 главици кромид

1 чешне лук

2 лажици брашно

250 мл течна (неутрална) павлака за готвење

4 лажици млеко

400 мл вода

Сол, црн пипер, вегета

Масло за пржење

Постапка:

Во еден пластичен сад ставете го меленото месо, исечканиот кромид, јајце, сол, црн пипер, вегета и рендан компир, па фино со раце замесете убаво да се изедначи смесата.

Загрејте масло во тава, правете големи како дланка ќофтиња и пропржете ги од двете страни фино да заруменат.

Потоа во истото масло ставете брашно и пржете додека да пожолти (како за запршка) и додадете вода и млеко, па брзо мешајте да се изедначи. Додадете малку сол, црн пипер и вегета. Внимавајте да не биде прегусто, со конзистенција како за палачинки.

Ќофтињата наредете ги во тепсија и прелијте со запршката, па одозгора додадете ја и течната павлака.

Рерната загрејте ја на 220 степени и печете 45 минути.

Го добивате ова прекрасно јадење за кое не ви е потребен прилог.

Loading...