Денес православните верници го прославуваат еден од најголемите христијански празници Свети Илија. Овој ден е познат и како Илинден и има големо значење за нашиот народ. Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Иљо, Илчо, Илина се имињата кои денес празнуваат именден.




Свети Илија се смета за клучар според народните верувања и тој ги има клучевите со кои го отклучува или заклучува небото. Овој светец е господар на дождот, па тој може да го пушти или запре, а исто така раководи и со летните грмотевици.




Тој е чудотворец, Боговидец и ревнител на Божјата вера. Се родил во градот Тесвит, Ароново, и поради тоа бил наречен Тесвитјанин. Во моментот на неговото раѓање се појавиле ангели околу неговата колевка кои го повивале и го хранеле со о ган.




Неговиот татко Савах ова го протолкувал како предзнак за неговиот пламенен карактер и богорадуваната огнена сила во него. Свети Илија пораснал во молитви и размислување за верата.




Целата своја младост ја поминал во богомислие, па честопати се повлекувал во пустината, каде во тишина размислувал и интензивно се молел. Честопати го слушал гласот Божји.




Во тоа време еврејското царство било поделено на два дела, од кој едиот дел бил помал и составен од Јудиното и Венјаминовото, со престолнина во Јерусалим, а второто, Израилевото царство ги вклучувало останатите десет племиња во престолнината Самарија.




Свети Илија најмногу се суд-рил со израилскиот цар Ахав и неговата жена Језавела која ги одвраќала луѓето од служењето на единствениот и жив Бог. Таа го наговорила својот маж да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој л ажен бог.




Со големи чуда Свети Илија ја покажал силата Божја: го затворил небото, па три години и шест месеци немало дожд; спуштил оган од небото; повикал дожд преку својата молитва; чудесно го умножил брашното и маслото на вдовицата во Сарепта и го воск-реснал нејзиниот ум-рен син; предвидел дека Језавела ќе ја изе-дат кучиња, што и се случило..




На Хорив Свети Илија разговарал со Бога каде го слушал гласот Божји. Пред с мрт-та го зел Елисеј и го одредил за наследник во пророчката служба. Исто така, со својата наметка го поделил Јордан; а најпосле бил земен на небото во огнени кочии со огнени коњи.




На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Свети Илија повторно ќе се врати за да се б ори со Антихристот (Откр.11)