Делува веднаш, а брзо се прави: најдобриот лек против кашлица!

Ова е најбрзиот делотворен напиток кој ја смирува кашлицата за само неколку часа.

Негова главна состојка е ловорот кој на сирупот му дава посебен вкус и тон на слаткост и горчливот, додека лимонот му дава посебност со киселоста, а самиот шеќер ги „вози“ овие состојки, ги поврзува и заедно со водата ги дистрибуира низ телото.

Потребни состојки:

6 листови ловоров лист

Loading...

250 мл вода

6 лажици шеќер (бел или кафеав)

1 лимон

Постапка:

Во еден сад ставете ја водата на оган да зоврие. Додадете ги ловоровите листови и поклопено гответе уште 10-тина минути. Потоа листовите извадете ги.

Во друг сад ставете го шеќерот на оган да се растопи и да се претвори во карамел. Додадете го чајот од ловор и мешајте додека шеќерот целосно да се растопи.

Ако користите кафеав шеќер, тогаш овој чекор прескокнете го, а шеќерот директно додадете го во ловоровиот чај и мешајте додека да се растопи.

Во малку разладениот напиток, додадете сок од еден лимон и добро промешајте.

Пијте по една лажичка од овој сируп, неколкупати во текот на денот. Првиот ден можете да пиете секојпат кога ќе се јават интензивни напади на кашлица.

Напомена: овој сируп можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Може да се користи топол или ладен.

Loading...