Киндер штангли за 20 минути – брз колач без печење, децата многу го сакаат

Потребни состојки за темен слој:

150 г шеќер

100 мл вода

125 г путер/маргарин

50 г чоколадо

150 г мелени бисквити

150 г мелени ореви

За бел слој:

200 г шеќер

50 мл вода

125 г путер/маргарин

200 г млеко во прав

Постапка:

Темен слој: Во еден сад ставете шеќер и вода да се вари додека шеќерот да се растопи.

Додадете путер и чоколадо да се растопат, па тргнете од оган и додадете мелени бисквити и ореви. Добро измешајте.

Смесата ставете ја во претходно намастен калап 25х20.

Бел слој: Пенесто изматете го путерот со млекото во прав. Во еден сад ставете шеќер и вода па гответе додека да добиете густ сируп.

Топол додадете го во тенок млаз во изматениот путер со постојано миксање околу 1-2 минути.

Додека е уште топло (смесата брзо се стега) го излеваме преку темниот слој, израмнуваме и оставаме да излади.

Претходна статијаЕдноставна и брза кремаста торта од кокос и бисквити
Следна статијаДелува веднаш, а брзо се прави: најдобриот лек против кашлица!