Home Рецепти ДЕДО МРАЗ КАПИ – Брзи, вкусни и декоративни колачи без печење, одлични...

ДЕДО МРАЗ КАПИ – Брзи, вкусни и декоративни колачи без печење, одлични за новогодишните празници

Фото и рецепт: Амина Хусиќ

Овој прекрасен рецепт за декоративните кремасти колачи ни го испрати нашата драга Амина Хусиќ за која таа има подготвено и интересно видео на кое е прикажана постапката. Видеото можете да го погледнете подолу, под пишаниот рецепт.

Потребни состојки:

250 г мелени бисквити
130 г растопен путер

За крем:

200 г маскарпоне (свежо, кремасто, кравјо сирење)
100 г шеќер во прав
250 мл слатка павлака

За украсување:

200 мл слатка павлака
јагоди
шеќер во прав

Постапка:

Во еден сад ставете го мелениот бисквит и полијте го со растопениот путер. По потреба, доколку оцените дека бисквитите се многу суви, може да додадете малку млеко по потреба.

Убаво промешајте, треба да добиете смеса која е ронлива како песок. Смесата распоредете ја во калап за торти и убаво притиснете ја со дното на подебела чаша.

Во посебен сад ставете 200 г маскарпоне или друго кремасто сирење и изматете го со миксер. Потоа додадете шеќер во прав и повторно измиксајте.

<

Посебно изматете 250 мл слатка павлака во шлаг, па соединете ги заедно со маскарпонето. Убаво промешајте со лажица за да се соединат.

Кремот нанесете го врз подлогата од бисквити и израмнете. Оставете во фрижидер да се лади еден час. Потоа со широка чаша за коњак вадете тркалезни колачиња и ставајте ги на страна.

Изматете 200 мл слатка павлака во шлаг и со него наполнете шприц. Декорирајте ги колачите со шприц, па врз шлагот ставете по една јагода. Одозгора можете да ставите уште малку шлаг врз јагодата и да наросите шеќер во прав.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: