Дали знаете како се прави карамел?

Фото и рецепт: Џенита Џ.

Навистина нема потреба да купувате карамел. Можете да си го направите сами и ви гарантирам дека ќе биде многу повкусен отколку купечкиот. Готовиот карамел можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Можете да го употребите за Торта од сирење или дури како крем за мачкање леб. Верувам дека ќе му пронајдете многу примени. Воедно е и одличен за познатиот колач Tres leches.

Потребни состојки:

Loading...

200 г шеќер

300 г слатка павлака (18 или 35%)

1 супена лажица путер

Прстофат сол

Постапка:

1.Загревајте го шеќерот додека да добие боја на карамел. Ускладете ја температурата, прво на посилно, па потоа на послабо за да не ви загори.

2.Во меѓувреме додека се топи шеќерот, загрејте ја хоплата.

3.Кога шеќерот ќе се растопи и ќе ја добие потребната боја, додадете ја топлата слатка павлака. Во овој чекор бидете внимателни, бидејќи е можно веднаш да започне да врие при контактот, па затоа малку потргнете се од шпоретот.

4.Додадете прстофат сол и оставете на тивок оган додека смесата да се изедначи, со постојано мешање.

5.Додадете лажица путер, промешајте и складирајте во тегла.

Loading...