Кога не помагаат класичните лекови: Ова е најмоќниот природен антибиотски лек!

Доколку не сте љубител на антибиотици и хемиски лекови, ви предлагаме да го пробате овој природен антибиотик составен од низа најдобри, најсилни и најздрави нехемиски состојки кои може да послужат како лек.

Воедно ова е одлично средство за зајакнување на имуниот систем, јакнење на целиот организам и превенција од низа болести и состојби. Состојките се докажани природни антивоспалителни и антибактериски елементи. Во овој природен лек соединети се заедно и делуваат синергиски.

Потребни состојки: 800 мл јаболкова киселина, ¼ шолја ситно исечкан лук, ¼ шолја ситно исечкан кромид, 2 лути пиперчиња, ¼ шолја рендан ѓумбир, 2 лажици рендан рен, 2 лажици куркума и 2 чајни лажички ситно мелен црн пипер

Постапка: Сите состојки освен оцетот исечкајте ги како што е опишано, промешајте во сад или изблендајте ги. Ставете ја смесата во стаклена тегла или големо стаклено шише со широко грло.

Прелијте со оцет и добро измешајте. Затворете го садот и промешајте. Оставете на некое поладно место да отстои 7-10 дена. Повремено кога ќе се сетите промешајте. Потоа процедете ја смесата за да ја одвоите само течноста. Добро исцедете ја целата течност од остатокот.

Употреба: Се консумира како и секој лек, најдобро 2-3 пати на ден по една супена лажица. Вака приготвениот природен супер лек можете да го користите за сите видови настинки, воспаленија, грип, болки, зголемена температура, восплени мускули и сл.

Лекот може да се користи и превентивно за општо здравје, за зајакнување на имунитетот, при проблеми со висок крвен притисок, масти во крвта, артериосклероза, слаба циркулација, како и превенција од најтешки болести вклучително рак и срцеви заболувања.

Ако лекот го користите како превенција доволно е да користите една до две супени лажици дневно, најдобро една наутро и една навечер пред спиење. Внимавајте, луто е, но во таа лутина се крие силата на лековитоста на состојките. Не се препорачува за деца помлади од 10 години.

Претходна статијаДали знаете како се прави карамел?
Следна статијаПосле ова митесерите сами испаѓаат од лицето