Епидемија на рак во светот, зголемување на бројот на пациенти со дијабетес, појава на алергии, инциденцата на аутизам, Паркинсонова болест,

Алцхајмерова болест и други сериозни болести се само некои како резултат на отровите и опасните материи кои ги консумираме преку храната и пијалокот.

Според некои истражувачи, а особено оние кои се занимаваат со теории на заговор, аспартамот е еден од најканцерогените додатоци во исхраната, кои секој ден ги конзумираме.

Нивната теза се темели на фактот што кога ќе се загрее на 30 степени, аспртамот почнува да испушта токсични хемикалии, метанол, кој потоа се разложува на формалдехид и мравја киселина, а температурата на нашето тело е над 36 степени.

– Сите знаеме дека формалдехидот е неуротоксин, а мравјата киселина отров, вели публицистот Џим Марс во книгата “Завера од билион долари”.

Како што е наведено, Американската агенција за храна и лекови (FDA) со години одбивала да го одобри користењето на аспартам.

– Дури и д-р Адриан Грос, токсиколог од ФДА, рекол дека аспартамот може да придонесе и да предизвика напади и рак на мозокот. Сепак, по 16 години на одбивање да го стори тоа, ФДА во 1981 година, ја дозволува употребата на аспартам и тоа веднаш кога Роналд Реган дојде на власт, и во неговиот тим пристигна Доналд Рамсвелд, тогаш претседател и извршен директор на “Searle”, производителот на аспартам.

Тој беше член на Трилатералната комисија, подоцна сопственик на “Gilead sajensiz” (производител на “Тамифлу”) и министерот за одбрана на САД. Еден ден по доаѓањето Рамсфелд во кабинетот на Реган, на чело на ФДA е поставен д-р Артур Хејс Хал, човекот кој го одобри аспартам – вели Марс.

Од друга страна, еве што вели официјалната наука за Аспартамот:

АСПАРТАМ-ОПИС

Аспартамот (INS 951, E 951) е нискокалоричен засладувач. Тоа е дипептид кој содржи две аминокиселини, аспарагинска киселина и фенилаланин.

Аминокиселините од аспартамот природно се наоѓаат во поголемиот број намирници кои содржат протеини, вклучувајќи го месото, млечните производи и зеленчукот.

Релативна слаткост:

Околу 200 пати посладок од сахарозата (многу мала количина аспартам со 1/10 килокалории произведува ист степен на слаткост како и лажичка шеќер со 16 килокалории).

Метаболизам:

При дигестијата, аспартамот во цревата се разградува на три составни дела: две аминокиселини- аспарагинска киселина и фенилаланин- и метанол, кои потоа се апсорбираат во крвта.

Метанолот природно се наоѓа во организмот и во многу видови храна. Нивото на метанол во аспартамот е безначаен во однос на нивото во бројни видови природна храна.

На пример, сокот од домати содржи 6 пати повеќе метанол во порција, еднаква на порција од безалкохолен пијалак засладен со аспартам.

Безбедност:

Аспартамот е еден од најобемно тестираните состојки кои се користат во храната. Аспартамот е безбеден и одобрен за лица со дијабетес, бремени жени, доилки и деца.

Статус: Аспартамот го одобри за употреба Заедничкиот комитет за адитиви во храната (JECFA) UN Организација за храна и земјоделство и Светската здравствена организација (1981),

Агенција за храна и лекови (FDA) и Научниот комитет за храна (SCF) на Европската комисија- сегашна Европаска агенција за безбедност на храна (EFSA). SCF го потврди мислењето за безбедноста на аспартамот во декември 2002.година.

Аспартамот е одобрен за употреба во Европаската унија на основа од Директивата за засладувачи бр.94/35/EC во повеќе од 90 земји ширум светот.

Аспартамот е во широка употреба во Источна и Западна Европа, САД, Канада, Јужна Америка, Австралија и Јапонија.

Препорачан дневен внес:

Препорачаниот дневен внес на аспартамот е 0-40мг/кг телесна тежина кои го дефинираа JECFA и SCF, сегашна EFSA.

ФДА одреди дека препорачан дневен внес во САД е 0-50мг/кг .

Проценка на безбедноста:

Аспартамот е метил-естер дипептид кој се користи како синтетички нехранлив засладувач во преку 90 земји ширум светот во повеќе од 6 000 производи.

Внес на преголеми количини аспартам одеднаш може да има влијание врз некои биохемиски параметри, вклучувајќи го нивото на аминокиселини во плазмата и нивото на невротрансмитери во мозокот.