Дали ви се случило за момент да почувствувате непријатен мирис за кој не сте сигурни од каде доаѓа?

Многу ни е жал што мора ова да ви го кажеме, но можно е тој мирис да доаѓа токму од вашиот папок. Бидејќи, многумина не посветуваат доволно внимание на овој дел од телото, а би требало.

Бактериите од пот, мртвите клетки од кожата или нечистотијата може да се наталожат во папокот и да предизвикаат не само непријатен мирис, туку и инфекција.

Доколку не водите сметка за хигиената на овој дел од телото, можно е да се јави црвенило, јадеж и оток, кој во некои случаи мора да се лекува со антибиотици.

Најдобриот начин за сето тоа да се одбегне, е редовно, односно секојдневно да го миете папокот и да се погрижите да не дојде до задржување на водата внатре во него.

Кандидата, габичка која често се јавува под пазувите, на тестисите или во папокот, доведува до црвенило на кожата. Доколку не се третира, може да се развие во нешто посериозно, па тогаш се јавуваат пликови исполнети со течност или гној. Во инфицираниот папок може да се појават дури и цисти исполнети со гној.

Експертите предупредуваат дека на поголем ризик се изложени оние кои имаат пирсинг на папокот, или оние со вишок килограми, бидејќи кај овие луѓе чистењето на овој чувствителен дел од телото е малку потешко од вообичаено.