Кардиологот гостувајќи во емисија ја коментираше омилената балканска храна и објасни како таа делува врз здравјето на срцето и воопшто на целиот васкуларен систем.
Кардиологот д-р Арсен Ристиќ беше гостин во ТВ Прва и зборуваше за исхраната која е важна во превенцијата на еден од најчестите здравствени проблеми.
Зголемениот холестерол нема симптоми, но тој е еден од најважните фактори за кардиоваскуларен ризик, кои всушност се поправливи со промена во животниот стил, како што е здравата исхрана, вели кардиологот д-р Ристиќ. Лошата рамнотежа во исхраната значително го зголемува кардиоваскуларниот ризик, а тоа влијае врз вредноста на холестеролот, но и калциумот, депонирани во кр-вните садови.
“Храната и помошните лековити средства влијаат на нивоата на холестеролот. Брзата храна, големи количини маснотии, преработен шеќер, без влакна и незаситени масни киселини, тоа е она што го води поголемиот дел од популацијата кон овој проблем. Повеќе од две третини од нашите пациенти имаат покачен холестерол“, рече тој.
Водителот Филип Чукановиќ го коментираше сочното месо од скара, кое следеше во програмата заедно со изјавата на кардиологот, а д-р Ристиќ рече дека не е проблем кога само ќе се почестиме со ваквата храна.
“Па, тоа е дел од исхраната и не е важно што ќе изедете како исклучок, еднаш на секои две недели или еден месец. Но, она што го јадете секој ден, мора да има рамнотежа на дневното ниво на оброкот. Исхраната треба да е поставена така што нивото на масти во кр-вта да биде во нормалните вредности“, објасни тој.
“Јадете храна што има незаситени масни киселини, богата со растителни влакна, која нема многу маснотии и шеќер, а рибите треба да бидат на трпеза двапати неделно. Јадете нешто што нема да ги зголеми вашите нивоа на триглицериди и холестерол, бидејќи понекогаш се случува да го поправаме холестеролот кај пациентот, но не и другите фракции на масти во крвта кои се вклучени во ризикот“, рече тој.
Кардиологот повтори дека овој проблем не е конечен и може да се реши.
“Сè што може да се поправи, а многу од параметрите на кардиоваскуларниот ризик се поправливи, и тоа е нешто со што треба активно да се справуваме. Ако имате период во текот на неделата кога не јадете масна храна, секако дека е корисно за намалување на ризикот”, заклучи д-р Ристиќ.
Топ 1 најдобриот природен лек за висок холестерол и триглицериди. Ова е најсподелуваниот природен лек со најмногу позитивни коментари и искуства.
Потребни состојки: 400 г корен од целер, 1 кг лимон и 2 литри вода
Постапка: лимонот измијте го и исечкајте го на тенки кругови. Водата ставете ја во голем лонец па во неа ставете го лимонот. Целерот изрендајте го па додадете го во водата со лимонот. Гответе 20 минути на силен оган, па оставете да излади (преку ноќ или 6 часа).
Процедете низ двојна газа или ситна цедалка. Складирајте во стаклени садови, па пијте по 100 мл пред оброк, трипати на ден. Може да се разреди со 100 мл минерална вода. Се чува во фрижидер. Времетраење на терапијата: околу 2 месеци, па потоа повторно проверете ја крвната слика.
Напомена: познато е дека лимонот ги губи витамините кога се загрева на висока температура, па можете да го исцедите сокот од лимонот, а да ја сварите само неговата кора, па подоцна да го додадете и сокот.
Диета-План за исхрана на лице со зголемени масти во крвта
Интегрални житарици, леб и печива од целозрнести житарици, црн или ’ржан леб. Две парчиња леб дневно. Млеко и млечни производи: јогурт, свежо сирење, кисело млеко – сите немасни ферментирани производи во помали количини.
Бистра супа од немасно месо и/или зеленчук, рибина супа. Риба и морски плодови: (сина и бела риба), посебно морска, варена или печена со минимум маснотии. Месо и месни производи: пилешко и мисиркино (без кожа), телешко. Зеленчук: се’ освен скробен.