Фото и рецепт Габриела Миленкоска – Раванија парена со гриз. Рецептот го објави од нашата драга членка Габриела Миленкоска која секогаш изработува вкусни и одлични рецепти во групата НМД рецепти.

Потребни состојки: 4 јајца, 250 г шеќер, 1 чаша (200 мл) масло, 1 чаша (200 мл) млеко, 250 г гриз, 1 прашок за печиво, 10 лажици брашно. За шербет: 700 мл вода, 700 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 1 лимон

Постапка: Јајцата пенасто се матат со шеќерот додека тој да се растопи и да јајцата да побелат и згуснат. Се додава чаша масло, чаша млеко, едно пакетче гриз од 250 г, една кесичка прашок за печиво и 10 лажици брашно.

Сето убаво се микса додека да се добие изедначена смеса, па се излева во претходно намастен плех бр.30. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Печениот колач се остава да излади.

За шербет: Водата и шеќерот се ставаат на оган да зоврие додека да се растопи убаво. Се додава по желба еден ванилин шеќер и сок од еден исцеден лимон. Изладениот колач се сече и се попарува со шербетот. Се остава еден час или повеќе за да го впие сирупот и се послужува.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска