Чаевите на билкарот од Вишеград ги пие и англиската кралица Елизабета. Оној кој се прикажува како лекар, па макар и “народен” – мора да сноси одговорност. Не можам јас да им земам пари на болните, да им го дадам лекот и толку. Со пациентите се борам заедно до крајот, не ги предавам и не ги оставам на цедило. Не се жалам кога ќе ме дигнат од јадење, ќе ме прекинат во одморот или кога им бдеам над глава. Затоа тие ме сакаат, ме почитуваат и ме фалат насекаде…

Во време кога фитотерапијата не била популарна гранка на алтернативната медицина, барем не како што е денес, Асим Кљун кој денес важи за “тата-мата” кога станува збор за црниот дроб и сите нејзини заболувања, во градот Бар, во самиот центар на чаршијата имал билна аптека “Имела”.

Од тогашната држава Југославија сите документи што му биле потребни за да отвори една таква аптека ги добил кога имал 18 години. Меѓутоа, тогаш не му паѓало на памет да лекува други.

На малубројните посетители им го нудел само она што го барале од него: кутија увин чај, пакетче сув невен, гавез… Меѓутоа, со текот на времето забележал дека секогаш едно исти луѓе се враќаат по уште чај. Како да оној претходниот не им помогнал. Сепак, ја познавал моќта на билките.

Неговата мајка Чамка излекувала стотици луѓе кои боледувале од жолтица, цироза и хепатитис, а во Втортата светска војна иако била речиси неписмена, во управата на болницата и нуделе статус на лекар само да се пресели во болницата и да ги вари “своите” чаеви и да спречи епидемија на жолтица.

Сето тоа и Асим го знаел, но да лекува други и да одговара за нечиј живот, не му паѓало на памет, бидејќи се плашел. Сепак, додека разговарал со посетителите на својата мала аптека, увидел колку е важен рецептот и доследното придржување кон упатството. Од обичен продавач на чаеви набрзо се претворил во народен еким и со сè поголема сигурност делел совети, препорачувал количина и вид на чаеви. Немал ниедна грешка, сите ги излекувал, па веќе немал ни потрошувачи. Крајот на тоа негово поглавје завршило така што Асим ставил катанец на аптеката, па се вработел како главен готвач на прекуокеанскиот брод и заминал во светот.

Но, покрај одличните кулинарски способности, на површина секојдневно испливувало неговото знаење за човековото здравје, па набрзо повторно се вратил да го работи она за што е роден и за што има природна дарба – да им помага на другите и да им го одржува здравјето.

-Малку е познато дека вие, во шестата деценија од животот, никогаш не сте биле болни, па дури ни од грип. Дали ги применувате врз себе сопствените рецепти?

-Верувам дека се заслужни и добрите гени, но да, кога на другите им приготвувам чаеви, секогаш пробувам од секого по малку. Тоа ме држи буден со денови и ноќи, а некогаш и цели седум дена во континуитет. Тие што ме познаваат ме нарекуваат човек-машина. Никогаш не сум примил инјекција, немам здравствена книшка и само двапати во живот сум бил на забар. Не знам што е тоа главоболка, грип, настинка – досега никаква болест не ме допрела. Се чувствувам како да имам 18 години, отпорен сум на сите можни болести. Да, тоа е од чаевите, затоа што на силен имунитет не му може ништо никаква болест.

-Едно време бевте во центарот на медиумското внимание, домашно и светско. Памела Андерсон, Опра Винфри и Владимир Путин се само некои од имињата кои се поврзуваат со вас. Што се случи на крајот со сите нив?

-Колку што знам, сè уште се живи и здрави. Се шегувам малку. Со нив секогаш комуницирав преку посредници и некои свои соработници кои се покажаа како неспремни да одговорат на повикот.

-Дали е тоа причината што ве немаше во јавноста речиси 30 години?

-Не. Цело време работев, само во помал обем. Понекогаш бев на телефон со часови додека не се потрошеше батеријата. Ќе седнев да појадувам на изгрејсонце, а до ноќта се случуваше веќе ништо да не ставам во уста. Го пропуштив растењето на внуците, годишните одмори, женидбата на синот, годишнините од школската матура и од бракот, дружењето со пријателите и фамилијата. Се запоставив себеси комплетно. Животот на тркала здосадува, а разговорот со луѓето изморува. Ми беше потребна пауза, но не можев да ја имам. Луѓето повторно наоѓаа начин да стапат во контакт со мене.

-Колку е тешко да се одговори на барањата на пациентите, со оглед на тоа што побарувачката за вашите чаеви е енормно голема?

-Мислам дека најважно е да се стави акцент на одговорноста. Што ако болниот земе од мене терапија за цироза на црн дроб и сред терапија на пример добие срцев удар кој нема врска со мојата терапија? Дали можеби мене некој ќе ме обвини за смрт? Да се прашувам дали можеби јас сум придонел со моите чаеви да дојде до такво нешто?

Ќе ви кажам вака, моите терапии не се евтини, не продавам волшебен прав во кутивчиња од 20 евра и не им давам лажна надеж. Со самото тоа не е завршена мојата работа. Оној кој се прикажува како лекар, макар и “народен”, мора да сноси одговорност. Не можам само да им ги земам парите, да им дадам лек и толку. Со пациентите се борам заедно до крајот, не ги предавам и не ги оставам на цедило. Не се жалам кога ќе ме дигнат од јадење, ќе ме прекинат во одморот или кога им бдеам над глава. Затоа тие ме сакаат, ме почитуваат и ме фалат насекаде.

Впрочем, јас лекувам сериозни болести за кои медицината нема лек. Оној ден кога ќе се појави пациент на кој официјалната медицина со било што успеала да му го регенерира црниот дроб заболен од цироза или да му го отстрани вирусот хепатитис од крвта, јас повторно ќе ставам катанец на мојата работа.

-А СИДА?

-Слична е болеста на хепатитисот, на сличен начин се добива, има исти симптоми, само е поопасна и побрзо го нагризува организмот. Пред 3-4 години имав експериментални шест излекувани пациенти. Денес ги имам многу повеќе. Сите имаа СИДА и хепатитис. Пиеја чај за хепатитис, само во посилна концентрација и во поголеми дози. Сите се денес живи и здрави и јас би сакал, не поради мене, туку поради другите со такви дијагнози, да не се кријат туку јавно да ги објават наодите пред и после мојата терапија.

-За крај, прашање, дали е вистина дека вашите чаеви ги пие и англиската кралица Елизабета? Која болест таа ја има?

-Колку што знам, нема никаква болест. Стапивме во контакт преку новинарка од еден сараевски дневен печат која пак е другарка со тамошна новинарка од The Independent. На новинарката од Сараево и го спасив детето, па таа беше еден вид реклама за мојата работа. Како што бев известен, моите чаеви ги пие како превентива, за освежување на организмот.

Ако е така, тогаш драго ми е. Чаевите се правени според рецепт кој никогаш и на никој не сум ги открил, на ниту една фармацевтска куќа, а ми беа понудени повеќемилионски износи за да го продадам рецептот. Се сомневам дека некој од тоа ќе направи нешто корисно за децата од Африка. Во “нивното” производство лекот би чинел неколку стотици илјади евра колку што сега чини трансплантација на црниот дроб, а пациентот нема никаква корист, туку само надеж.

Асим Кљун може да се најде на социјалните мрежи и на неговата фејсбук страница “Fitoterapija Asim Kljun”.