Неодамна на својот Твитер профил, Тим Спектор, британски епидемиолог и доктор по генетика објави слика која беше многу корисна за многу луѓе ширум светот. Оние кои го прележале вирусот, а поминале асимптоматски, најверојатно не знаат ни дека биле заразени.
Лесен начин да откриете дали сте го прележале вирусот или не, е да погледнете во вашите нокти. Секако, овој метод не покажува 100% точност, но најчесто ова се забележува на ноктите по прележувањето на вирусот.
Д-р Спектор во описот над сликата напиша: ,,Дали вашите нокти изгледаат невообичаено? Оние кои го прележале вирусот, имаат трага на ноктите, а тоа значи дека ноктите се опоравуваат од инфекција. Се појавува јасна линија, која може, но и не мора да има осип по кожата, но најчесто оваа состојба e безопас-на.”
Луѓето кои имаат јасна, хоризонтална и малку вдлабната линија по должината на ноктите, најверојатно го прележале вирусот, вели Спектор, кој ја предводи групата на истражувачи од Кингс колеџот во Лондон, кои усовршиле апликација во следење на невообичаени и ретки симптоми на вирусот.
Како сликовен пример, докторот исто така објави фотографија на женски нокти со исклучително видлива слика на нив. Секој кој го прележал вирусот ќе забележи невообичаени симтоми на ноктите, косата.. Таквите линии на ноктите се нарекуваат Beau’s lines и се развиваат во периодот кога телото се опоравува од инфекција.
Исто така можат да се појават како резултат на други болести, оние кои предизвикуваат висока температура како што се сипаници, заушки и треска. Може да се појават и кожни болести како егзема.
Сите веќе знаеме дека еден од симптомите на вирусот е висока температура и дека тоа предизвикува промени во кожата кај одредени патолошки проблеми. Важно е да се истакне дека не секој што го прележал вирусот добива ваква бразда на ноктите, тоа е само можност.
Прочитајте и следново: Проверете ја штитната жлезда во домашни услови, потребно ви е огледало и чаша вода
Тироидната жлезда знае да предизвика многу проблеми, а симптомите кои укажуваат на проблеми со неа често се шират и се припишуваат на други болести. Тироидната жлезда е жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа во предниот дел на вратот.
Од витално значење е затоа што влијае на скоро сите органи во телото. Одговорна е за производство на хормони и нивно регулирање, влијае на метаболизмот и индиректно на тежината и дигестивниот систем.
Постои еден едноставен тест што можете да го користите за да откриете дали тироидната жлезда е компромитирана. Сè што ви треба за овој тест е чаша вода и огледало.
Земете неколку голтки вода и набљудувајте се во огледалото дали има големи промени во вратот при голтање, како што се испакнатини или големи разлики при голтање и мирно стоење.
Ако забележите испакнатини, не треба веднаш да помислувате на најлошото, бидејќи тоа не мора да укажува на посериозен проблем, но секако би било одлично да се консултирате со лекар за да отстраните какво било сомневање поради можни неправилности.
ИСХРАНА ПРИ ХИПОТИРОИДИЗАМ
Воведување на промени во исхраната е прва линија на одбрана во лекувањето на хипотироидизам. Многу луѓе со хипотироидизам имаат исцрпувачки замор, што ги охрабрува да кон-сумираат шеќер и кофеин, но ова е најчестата грешка во исхраната.
Отстранете го кофеинот и шеќерот
Намалете ги или елиминирајте ги кофеинот и шеќерот, вклучувајќи рафинирани јаглехидрати, кои телото ги третира како шеќер. Лоши јаглехидрати се оние кои предизвикуваат пораст на шеќерот во кр-вта, како бел леб, бел ориз, компири. Добри јагленихидрати се овошје и зеленчук, мешунки, како и цели зрна.
Протеини
Протеините се потребни за да се излачат тироидните хормони преку кр-вотокот до сите ткива во телото. Затоа, многу е важно да се вклучат омега – 3 есенцијални масни киселини во исхраната за нормализирање на метаболизмот.
Протеините се градежни блокови одговорни за развојот на мускулите, кос-ките, ткивата, а исто така помагаат во бор-бата против инфекциите, бидејќи го зајакнуваат имунитетот. Недостаток на протеини предизвикува губење на мускулната маса, слаб имунолошки систем, срцева слабост.
Мастите се многу важни
Во хипотироидизам, мастите се многу важни, така што дефинитивно треба да го зголемите внесувањето на природни здрави масти, кои вклучуваат маслиново масло, авокадо, ленено семе, риба, ореви, сурово сирење, јогурт.
Хранливи материи
Хранливите материи се хемикалии потребни на телото за живот и раст, органските хранливи материи вклучуваат јаглехидрати, масти, протеини и витамини. Хранливите материи потребни во многу мали количини се микроелементи. Недостатокот на овие микроелементи и минерали може да ги влоши симптомите: витамин Д, железо, омега-3 масни киселини, селен, цинк, бакар, витамин А, витамин Б и јод.
Исхрана без глутен
Глутенот се наоѓа во пченицата, јачменот, тестенините, закуските, супите и индустриската храна. Зголемениот внес на глутен може да го зголемат автоимуниот на-пад на тироидната жлезда.
Глутатион е протеин кој се наоѓа во сите клетки на човечкото тело. Глутатион е моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и е еден од столбовите во бор-бата против Хашимото.
Тој е неопходен за одржување на здравјето бидејќи е одговорен за детоксикација на организмот, одржување на имунитет и спречување на развој на воспалителни болести. Количината на глутатион во телото зависи од општата благосостојба, спречување на развојот на болеста и процесот на стареење.
Причините за намалена количина на глутатион во организмот се: несоодветна исхрана, одредени лекови, с трес, инфекции, зрачење, ток-сини, па дури и зголемено загадување на нашето опкружување. Внесувањето на глутатион преку таблета не може да го надомести недостатокот на организмот, бидејќи така проголтаниот глутатион се вари во дигестивниот тракт.
Еден од основните начини за зголемување на производството на глутатион во организмот е кон-сумирање зеленчук, особено брокула, кељ, кромид и лук, карфиол, со умерена физичка активност. Ова ќе ја зајакне способноста на вашето тело да го регулира имунолошкиот систем, да ги омекне автоимуните процеси.
Цревата не се само дигестивни органи, туку се и најважните органи на одбранбениот систем на организмот. Во цревата има милијарди микроорганизми, а таканаречените добри бактерии или пробиотици во цревата ја обработуваат храната, ги потиснуваат штет-ните бактерии и вируси.
Избалансирана цревна микрофлора е важна за здравјето на луѓето, но често се нарушува поради неправилна исхрана, с трес, поради земање антибиотици, кон-сумација на ал-кохол.
Неверојатни 20 проценти од функцијата на тироидната жлезда зависи од доволна количина на здрави цревни бактерии, па затоа е најдобро да ги надополнувате со пробиотици. Најпознати извори на пробиотици се ферментирани млечни производи, како што се јогурт и кефир. Зелката е исто така богата со пробиотици.
Првиот чекор во третманот на хипотироидизам е да се отстранат последиците и причините за дисфункција на тироидната жлезда, како што се воспаление, прекумерна употреба на лекови, недостаток на хранливи материи и промени во хормоните како резултат на с тресот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска