Д-р од Германија: сум излечила илјадници заболени од рак! Досега не сум изгубила пациент

Меѓу пациентите е и српскиот водител Дејан Пантелиќ, кого го спасила оваа докторка од рак на крајници.

Еден од најголемите експерти за трансплантација на матични клетки во Германија и Европа е професорката д-р Надежда Басара, за која знае цел свет и говори за нејзините успеси во лекувањето на тешко заболени пациенти.

Д-р Басара моментно е директор во болницата Malteser St. Franziskus во германскиот град Фленсбург.

Пред 17 години дошла во Германија без познавање на германскиот јазик, но тоа не и претставувало пречка да го научи и истовремено да изгради кариера, да стане доцент и како прва докторка од југоисточна Европа, станала професор по медицина – пишува vecer.mk.

Loading...

Пет години била на чело на трансплантациониот центар во Универзитетската клиника во Лајпциг. Благодарение на д-р Басара овој центар според резултатите на лекување на леукемијата и по бројот на реализирани трансплантации е на прво место во Европа.

Оваа силна жена енергијата ја црпи од љубовта кон медицината, луѓето, работата и семејството.

За неа најголемата сатисфакција е кога ќе го излекува пациентот, оти тоа го смета за свој личен успех, што и дава нова енергија по патот на успехот.

Меѓу пациентите што ги лекувала д-р Басара има и голем број граѓани од регионот, Србија, Македонија, Црна Гора, а јавноста ја знае и по успешното лекување на тешко заболениот од апластична анемија Жељко Митровиќ, сопственикот на ПИНК телевизија, како и познатиот српски водител во РТС, Дејан Деки Пантелиќ, кој исто така го излекувала од тумор на крајници.

Пантелиќ во едно свое интервју посочил дека во моментите кога се лекувал во Германија и кога му било многу тешко д-р Басара го охрабрила со зборовите: “Дејане, кај мене луѓето не умираат”.

Листата на успешно лекувани пациенти не завршува тука, таа е долга и дел од неа се познати лица од регионов и Европа, но тие не сакаат нивните имиња јавно да бидат обелоденети.

Пред 13 година со трансплантација таа прва излекувала млад пациент од Србија кој бил болен од најтешкиот облик на акутна лимфобласна леукемија, филаделфија позитивна.

Но таа го излекувала со трансплантација на матични клетки и најстариот по години пациент од Балканот.

Во Србија годинава по повод денот на државноста, д-р Басара е одликувана со златен медал за особени заслуги, а минатата година Црна Гора и доделила државјанство, заради заслугите во лекувањето на нивните пациенти.

Со оваа исклучителна личност, но и заради бројните успеси ја побаравме д-р Басара, која со задоволство одвои дел од своето скапоцено време и одговори на нашите прашања кои се дел од ексклузивно интервју за весникот “Вечер”.

Професорке д-р Басара, успесите се големи, но како дојдовте до нив. Како од лекар во Србија, станавте врвен специјалист хематолог и онколог во Германија?

-Патот не беше нималку лесен. Таа пресвртна 1997 имав 39 години, добар брак, две прекрасни деца и сопруг кој ме поддржува секогаш во животот.

Со завршена медицина, магистратура, докторат специјализација во Белград, работев како началник на функционална дијагностика на Институтот за хематологија на Клиничкиот центар во Србија.

Додека директор беше проф. д-р Роловиќ, Центарот зрачеше со знаење и напредок. Се до 1994 значевме нешто во Европа. 

Со неговото заминување во пензија настана голем пресврт за мене, бидејќи новата директорка немаше никаква визија ни интерес за напредок на Институтот и ги гледаше само своите лични интереси.

Во договор со сопругот одбив две покани од Париз и ја прифатив поканата на проф. Фаусер од Германија. Јас заминав прва, а нешто подоцна ми се придружија сопругот и децата.

Таму бев буквално фрлена во оган, работев со најтешките хематолошки пациенти и дополнително ме поставија како најодговорно лице пред германскиот закон за лекови во производство на трансплантанти и криоконзервирање на матични клетки.

Многу брзо станав началник на хематологија и онкологија. За сето тоа време го учев германскиот јазик (во почетокот комуницирав само на англиски и француски јазик), учев за нострификација на дипломата, специјализирав интерна медицина, хематологија и онкологија, пишував научни трудови, како доцент со нострифицирана титула доктор на науки држев вежби и предавања на студентите во Мајнц и им држев вежби по дијагностика на колегите од работа.

На Универзитетот во Мајнц бев предложена за професор по медицина, а титулата ја добив по моето преминување на Универзитетската клиника во Лајпциг каде што бев поканета да бидам главен началник на хематологија и онкологија.

Таму го водев и центарот за трансплантација на матични клетки како и производството на трансплантанти на матични клетки и нивно криоконзервирање.

Набрзо избивме на прво место во Германија по број и успешност на трансплантации, а Европското друштво на трансплантатори ме назначи за главен инспектор на трансплантационите центри во Европа.

Гледајќи ги моите успеси на сите полиња во хематологијата и онкологијата, Малтешкиот ред на Германија ме покани за директор на интерна медицина во нивната болница во Фленсбург, што и прифатив пред 4 години.

Со какви препреки се среќававте во Германија како Србинка и дали тоа ви
пречело во вашата кариера?

-Во Германија, пред се, се цени работата и ако работите успешно ќе бидете прифатени. Меѓутоа, за да успеете како странец во Германија, а посебно како Србинка морав да бидам дупло подобра од нив.

Тоа не го гледаа секогаш со симпатии моите колеги, љубомората е човечка особина која постои дури и кај Германците. Пред 2 години, на пример во регионалниот весник имаше голема статија за недостаток на лекари во Германија и проблемите со вработување на странците.

Во рамките на статијата беше објавено дека јас им давам предност на пациентите од Србија во однос на германските, што е бесмислица за секој што го познава Кодексот на лекарската професија и Хипократовата заклетва, а посебно кој ме познава мене како лекар и човек на кој никогаш не му била битна националноста, бојата на кожата и вероисповедта на пациентот.

Кои се препораките до вашите колеги во Македонија, кој е патот до успехот и
како се станува добар специјалист?

-Патот до успехот е оптимално и сеопфатно лекување на пациентите со најдобрите можни методи кои постојат. Во Белград не можев да се помирам со фактот дека не можам да применам трансплантација на пациент од сроден или несроден донатор, а знаев дека со тој метод можам да го излечам.

За мене беше неприфатливо да имам знаење, а да не можам да го применам врз пациент. Отидов во Германија за да можам да работам најдобро што знам и на тој начин да излечам голем број пациенти.

Што значи брзата дијагностика за успехот во лекувањето на болеста?

-Сè! Добра и брза дијагностика ја одредува судбината на болеста, дали пациентот има шанса да биде излечен или не и поради тоа е исклучително важна.

Моментално, кај сите малигни болести е неопходна молекуларна дијагностика која во Германија е готова за 48 часа. Таква ефикасност нема ниедна земја во Европа, дури ни Шведска, која се смета за една од земјите со најдобра здравствена заштита во Европа.

Колкав е процентот на излекувани пациенти со малигни заболувања во вашата болница?

-За овие 4 години, колку што ја водам онкологија, хематологија, пневмологија, дијабетологија и интензивна медицина во болницата “Малтезер Ст. Францискус” во Фленсбург, процентот на излекувани малигни заболувања е 90%.

Тој податок се однесува на следење на пациентот за само две години после лечење во болницата, бидејќи подоцна сите пациенти не се така ревносни со контролите, така што не може да водиме понатамошна евиденција за нивната здравствена состојба.

По кои медицински протоколи ја лекувате акутната леукемија, лимфомите и  апластични анемии и дали матичните клетки даваат добри резултати во тоа?

– По најсовремени протоколи кои се применуваат во светот. Трансплантацијата на матичните клетки и понатаму е единствената метода со која можат да се излечат горенаведените болести и покрај големиот број на нови лекови коишто се регистрирани за некои од малигните болести.

Колкав е бројот на трансплантации што досега сте ги реализирале во вашата успешна кариера?

-Близу сум до бројката од 1.900, ама тоа не е толку битно, туку колку успешно сум трансплантирала. Светскиот резултат од 86% преживување од две години после трансплантацијата го постигнав во Лајпциг, а го надминав со трансплантациите во Фленсбург кој е 90% успешност за само три години од кога е отворен трансплантациониот центар.

Имате ли пациенти од Македонија и колку од нив се излекувани со оваа
метода?

Со задоволство можам да кажам дека 17 години како трансплантирам во Германија, последните 10 години успешно лекувам со оваа метода и пациенти од Македонија. Досега со трансплантација на матични клетки се излекувани најмалку 20 пациенти.

Дали трансплантацијата со матични клетки од несроден донор е ново
револуционерно откритие во медицината и кај кои малигни заболување дава добри
резултати?

-Трансплантацијата со матични клетки од несродни донори се применува во Германија веќе 30 години и фактот дека резултатите се идентични, како и со сродните донатори, брат или сестра е голем успех, ама не можам да кажам дека е ново револуционерно откритие.

Алогената трансплантација дава одлични резултати кај акутните леукемии, мијелогиспластичен синдром, лимфоми и тешки облици на анемија.

За квалитетен живот потребна е здрава храна, но важна е и генетиката!

Како медицинско лице што најчесто им препорачувате на луѓето, како да водат здрав живот, односно дали квалитетниот начин на живот и превентивата се вистинскиот начин да се заштитиме од болестите?

-Квалитетниот начин на живот подразбира меѓу другото и 30 минути дневно телесни активности и тоа шетање, брзо одење, трчање, но и медитеранска исхрана со многу овошје и зеленчук, риба, бело месо, без пушење и консумирање на алкохол е најдобрата заштита од малигните болести.

Но, сепак, тоа не е доволно. Генетиката, како и одбегнување на опасни хемиски материјали и зрачењето имаат многу важна улога во настанувањето на малигните болести.

Зрачењето на осиромашениот ураниум кое е користено при бомбардирањето на Србија во 1999 година е докажано како ризик-фактор за настанувањето на малигните болести.

– Валентина МАРЈАНОВИЌ

Loading...