Кога станува збор за здравјето на децата, секој родител има нешто различно да каже. Заедничко за сите нив се овие познати респираторни инфекции – секретите и кашлањето кои се најголемите непри јатели на градинката и оние малку постарите деца.
Најценетиот детски пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ, доктор на Универзитетската детска клиника „Тирчова“, зборуваше на интересна тема која ги засега сите родители, а најверојатно сите ја прават истата грешка. На прашањето кои се најголемите проблеми на децата, докторот без двоумење вели – настинките. Околу 70% од здравствените проблеми кај децата се разни инфекции.
Децата градат имунитет до четиригодишна возраст, па дури и до петгодишна возраст, тие не знаат како да ги искашлаат секретите, а тоа им создава проблем и го продолжува процесот на лекување. Патем, докторот додава дека кашлицата кај децата е безопа-сна во 90% од случаите.
„Еден Американец истражувал и пресметал – ако кашлате до 34 пати во текот на денот, тоа е релативно безопа-сно. Тоа е знак на а ларм,“ вели на шега д-р Несторовиќ. Тој на родителите чии деца често стра-даат од бронхитис и астма им порачува дека нема потреба за дигање п аника. Честиот бронхитис не значи астма. Тоа е генетска болест и оној што треба да ја добие, дефинитивно ќе ја добие.
Највообичаен симптом на астма е фрекфентно кивање, и ако децата не го имаат овој симптом зачестено до четврта или петгодишна возраст, шанситe да добијат астма подоцна се многу мали, додава д-р Несторовиќ.
Кога станува збор за некои заблуди кои се длабоко вкоренети во нашето општество, како што е на промер мислењето дека белите дробови на децата се шират кога тие пла-чат, докторот со насмевка вели дека е исто како кога велат „остави го бебето да пла-че, помалку ќе ypинира“.
„Родители, треба малку и да го разгалувате вашето дете, зошто кога го правите тоа, се лачи окситоцин, хормонот на среќата, а тоа е нешто фантастично за зајакнување на имунитетот“, открива докторот.
„Оние кои имаат алергии се интелигентни луѓе, покажале некои истражувања“, продолжува д-р Несторовиќ. „Друга работа на која прибегнуваат нашите луѓе е триење со козја и овча маст врз белите дробови на детето што кашла, со цел полесно да се исфрли секретот. Само не знам, како оваа маст ќе стигне до белите дробови и на кој начин ќе помогне“, вели докторот.
Зборувајќи за пу шењето во текот на бременоста, докторот открива неколку помалку познати факти. „Едноставно е, доколку жената пу ши пред да го зачне детето, а за време на бременоста престане, ризикот кај детето да добие белодробни заболувања е исто толку голем“.
Но, тоа не е единствениот проблем, бидејќи промената на ДНК, вели д-р Несторовиќ, се пренесува дури и на внучето. Да појаснам – ако жената која не е бремена пуши, со текот на времето доаѓа до промена на нејзината ДНК, па кога ќе забремени, јајцето со изменета ДНК ќе создаде нов живот со исти предиспозиции за болести како што ги има мајката.
Ако тој нов живот е девојче, таа ќе ги пренесе токму истите промени на ДНК на своето дете. Затоа, не е доволно да престанете да пу шите за време на бременоста, тоа треба да го направите уште неколку години пред да забремените, вели докторот, кој за жал е убеден дека со оваа негова изјава нема да влијае на жените да се откажат од пу-шењето.
Дали студениот воздух му штети на детето?
„Како млад човек, се смеев кога ќе видев завиткано дете со покриена уста. Но, сум грешел. Неодамна беше објавена една студија базирана на истражување кое докажува дека ако д ишете ладен воздух и ги разладувате д ишните патишта под 32 степени, ризикот од респираторна инфекција е четирипати поголем“, објасни д-р Несторовиќ.
Што им пречи на белите дробови на децата?
„Станавме премногу чисти. Се капеме неколку пати на ден. Употребата на антибиотици не стивнува, храната е полна со хормони, амбалажата во која е спакувана е полна со естроген. Никој не ги чита знаците за рециклирање, но тие треба да се погледнат и да се купат само ако на пакувањето стои бројот 2, 3 или 5. Тоа е релативно безопа-сно,“ објаснува д -р Несторовиќ.
Зборувајќи понатаму за она што им пречи на децата, докторот додава дека новите генерации немаат стимул за имунолошкиот систем, затоа организмот реагира на најмала инфекција или бактерија.
Одговорот на нашиот имунолошки систем, кој сè уште е стар е поразличен од сегашниот. Сега луѓето плаќаат за цивилизацискиот еснаф – мобилни телефони, Интернет.. „Колку повеќе деца имате во куќата, толку е помала веројатноста да добијат астма. Едноставно е – беспрекорната чистота згаcнyва со секое наредно дете. Прекумерната хигиена е наш непријател“.
На прашањето што би им препорачал на родителите чии децата имаат проблем со респираторни инфекции, одговара докторот – етерични масла. „Етеричните масла се исклучителни. Маслото од оригано, на пример, уни-штува една од најупорните бактерии што е отпорна на сите антибиотици.
Евкалиптусот и маслото од босилек се исто така одлични. Маслото од нане е еден од најсилните лекови за сува кашлица. Мајчина душица ја намалува секрецијата, а белиот слез е еден од најдобрите лекови за сува кашлица.
Цело време зборувам за масла и инхалација. Хербалната терапија не е без причина толку ефикасна. Исклучок може да биде камилицата за оние кои се алергични на амброзија. Инхалацијата со хербални лекови помага многу”, заклучува докторот.