Д-р Бранимир Несторовиќ е српски педијатар, пневмолог и алерголог. Тој во последно време стана многу популарен поради неговото постојано појавување на социјалните мрежи каде тој советува како да се зајакне имунитетот по природен пат и да се решат некои чести проблеми на едноставен начин.

Покрај тоа што е одличен лекар, тој верува во народната медицина и самиот ја применува. Редовно јаде овошје и зеленчук и користи природни лекови и мешавини кои се задолжени за неговото здравје и виталност.

Д-р Несторовиќ предлага три испробани и сигурни рецепти за лекување на најчестите здравствени проблеми како што се: чир на желудник (хеликобактерија), реума и алергија на амброзија.

I Рецепт: Зелката го лечи желудникот и хеликобактеријата која предизвикува болки во желудникот 

Зелката е богат извор на различни хранливи материи. Иако во најголем процент таа се состои од вода и има ниска калориска вредноста, сепак претставува богат извор на низа од микронутриенти.

Зелката содржи многу малку калории (во 100 г околу 25 калории), а изобилува со јаглехидрати, протеини, растителни влакна, витамин К, Ц, Б6, Б9, манган, калциум, калиум, магнезиум. Зелката исто така содржи во помал процент и витамин А, железо и витамин В2.

Витамините В6 и В9 се особено значајни за метаболитичките процеси и нормалното функционирање на нервниот систем. Зелката е богата и со растителни влакна како и антиоксиданти како што се полифенолните, некои сулфурни соединенија и витаминот Ц.

Зелката изобилува со растителни влакна кои се важни за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот. Исто така помага во одржување на здравјето на срцето, намалување на нивото на холестерол во кр-вта, го зајакнува капацитетот на белите дробови и значително ја подобрува кр-вната слика.

„Исечкајте ја зелката и ставете ја во половина вода во сооднос 1:1, оставете ја да отстои во фрижидер два дена. По изминатото време, пијте една чаша наутро и една чаша навечер во период од две недели“, советува д-р Несторовиќ и додава дека го користи овој рецепт веќе две децении и дека резултатите се одлични.

„Се покажа дека зелката има одредени супстанции кои ја обновуваат слузокожата на желудникот. Во комбинација со сладок корен ја лекува и хелокобактеријата во стомакот,“ објасни лекарот.

II Рецепт: Коприва и мед за алергија на амброзија

Несторовиќ исто така, советува дека копривата е многу добра за алергија на амброзија (и воопшто за сите алергии). „Најдобро е да се сомелат лисјата од коприва и да се измешаат со мед. Консумирајте по 1 лажица од смесата секое утро на празен стомак“, објасни докторот.

Копривата е познат лек за лекување на болните зглобови, особено кај оние кои патат од остеоартрисис. Исто така, копривата го зајакнува капацитетот на белите дробови, а мевлемот од коприва го лекува бронхитот, го намалува шеќерот во кр-вта и го лечи панкреасот.

III Рецепт: Масло од црн ким за ублажување на симптомите на реума

Професорот на својот блог се обиде да објасни за лековитоста на маслото од црн ким. Осврнувајќи се на студија од 2016 година во која учествувале 40 возрасни лица со артроза на колено (воспаление на коленовиот зглоб), проф. Несторовиќ сподели со јавноста дека премазите со масло од семе од црн ким имаат подобар ефект врз болката и воспалението отколку фармацевтските лекови кои најчесто се користат.

Тој потсети дека фармацевтските лекови имаат бројни несакани ефекти – од намалување на антиоксидантната активност, намалување на тестостеронот, зголемување на ризикот од мозочен у дар и астма, до т оксичност на црниот дроб и нарушувања на синтезата на невротрансмитерите, што може да доведе до афективна рамнодушност.

Маслото од црн ким се нанесува во количина од неколку капки трипати на ден на коленото во период од осум недели. Нанесувањето и масажата треба да трае пет минути – изјави проф. Несторовиќ, напоменувајќи дека, како што е наведено во резултатите од студијата, примената на ова масло дава подобри резултати во лекувањето на ревматските болки.

Црниот ким се користи во лекувањето на мултипла склероза, ревматоиден артритис, псоријаза, астма, висок холестерол, висок кр-вен притисок, бактериски и вирусни инфекции, акни, главоболка, воспалени синуси, бубрежно камче, инфективна мононуклеоза и уште многу други патолошки состојби.

Црниот ким се користи и за козметички цели, помага во зајакнување на косата и ноктите, спречува опаѓање и првут. Исто така, помага при чувствителна кожа склона кон црвенило и воспаленија и се верува дека ги намалува постоечките, но исто така спречува и формирање на нови брчки.

Прочитајте ја и следната статија: Д-р Бранимир Несторовиќ, дали болката е реална или е резултат на автосугестија?

Истражување објавено во октомври 2018 година покажува дека очекувањето на интензитет на б олка е поврзано со вистинската б олка што ја чувствуваме. Пациентите кои очекувале дека нешто многу ќе ги пов-реди, чувствувале навистина силна б олка во моментот.

„Колку повеќе б олка очекувате, толку поголема б олка ќе почувствувате. Во студија направена во Холандија на 34 лица, интензитетот на б олката бил поврзан со одредени симболи.

За време на магнетна резонанца, овие симптоми биле прикажани (X за силна б олка, L за лесна). Во исто време, на раката на пациентите им бил ставен топол предмет и им било кажано дека интензитетот на топлината е во корелација со интензитетот на б олката.

Во реалноста, применетата доза на топлина не била поврзана со симболот. При опишување на интензитетот на болката, пациентите опишале благ стимул на топлина.  Типичен пример за ова е и б олката во грбот и ишијасот, што е состојба која погодува милиони луѓе.

Повеќето случаи не се предизвикани од никакво заболување на ‘рбетниот столб, спротивно на верувањето на повеќето пациенти, но имаат карактеристики на невропатска болка.

Испитувањето на мозокот кај овие лица со магнетна резонанца покажало намалено активирање на деловите на мозокот во кои се произведува допамин. Ова сугерира дека постои корелација помеѓу болката во грбот и психосоцијалните фактори.

Во една студија, луѓето со болки во грбот почувствувале силна б олка кога нежно го притискале грбот со два прста, стимул кој не покажал никаков ефект кај здравите. Луѓето со фибромијалгија имаат слично чувство.

За време на испитувањето со магнетна резонанца било прикажано прекумерно активирање на центрите за б олка. Точно истата слика е пронајдена кај пациенти со фибромијалгија. Сепак, тие имале и активирање на уште два дела на мозокот (што ги немале пациентите со б олки во грбот).

Оваа теорија е поддржана од поранешен експеримент од 1980 година во кој неврологот Јонон Левин им дал на пациентите 6-8 мг мор-фиум или солен раствор по опера-цијата. Сите пациенти мислеле дека примаат мор-фиум и немало разлика во интензитетот на б олката помеѓу оние кои реално го примале мор-фиумот и оние со плацебо ефект.

Денес се препорачуваат јога терапија, разни видови на медитација, физикална терапија, но и психотерапија. Текстот за НМД. мк го напиша Мартина Христовска