Јас не би ги бирал вакцините врз основа на тоа од која земја потекнува. За мене е меродавна научната методологија, ова сепак не е песна на Евровизија, па на некоја земја да и дадеме 12 поени, вели имунологот, д-р Срѓа Јанковиќ.

Во Велика Британија денес отпочна масовна вакцинација на населението, а до крајот на годината околу 2 милиони Британци би требало да ја примат вакцината Бајонтек-Фајзер против kopoна вирус.

Сепак, постојат уште многу непознатици во врска со вакцините против koвид 19. Колку ќе трае имунитетот, дали вакцината кога ќе стигне во државата ќе биде задолжителна и која е најдобрата од сите досега одобрените, објасни имунологот д-р Срѓа Јанковиќ во утринската емисија на ТВ Прва.

-Студиите траат некој период, па не можеме да тестираме и да знаеме колку трае имунитетот додека трае студијата. Можеме да видиме со која брзина се намалува, ако се намалува.

Кај овие вакцини за кои говориме, засега не се намалува имунитетот во текот на траењето на студијата. Кога велам “да се намали”, тоа значи дали заштитните антитела се губат во оној период кој можеме да го измериме засега, а дали ќе се губат во иднина, останува да видиме.

Не мора да биде доживотен имунитетот, од она што го гледаме од студиите, изгледа дека ќе трае некое време, а тоа добро изгледа.

Но, од секоја регистрирана вакцина очекуваме минимално траење на имунитетот, барем неколку месеци и во текот на траењето на оваа пандемија.

Дали ќе биде доживотно, тоа ќе го покажат студиите.

Она што е многу поважно е да бидат вакцините безбедни и да делуваат, т.е. да штитат од koвид – рече д-р Јанковиќ за вакцините кои веќе се најдоа на пазарот.

За тоа по што се разликуваат вакцините – Фајзеровата од Спутник, на пример, познатиот имунолог изјави:

-Постојат разлики во градбата на вакцината, прво се РНК вакцините Фајзер/Бионтек и Модерна, а оксфордската и руската се векторски.

И едната и другата комбинација се заснова на тоа да имаме вирусна рибонуклеинска киселина, па да се синтетизира протеин врз основа на ова, и самиот протеин тогаш треба да ја препознае и да создаде антитела.

Да поедноставам, тоа е лична карта на вирусот, но без вирус, тоа е отпечаток на прстот на вирусот, нешто по што може да се препознае вирусот, но не може да нè нападне – објасни имунологот.

А дилемата дали ќе биде задолжителна и дали граѓаните ќе имаат можност да бираат која од понудените вакцини ќе ја примат, д-р Јанковиќ објасни:

-Секоја вакцина за која има докази дека е делотворна и безбедна, нашата агенција ќе ја регистрира. Ако има повеќе вакцини, ќе може да се бира.

Суштината е секако, вакцината што поскоро да ја ставиме на располагање, пред сè за приоритетните групи. А која ќе биде вакцината, најпрво зависи од тоа за која прво ќе добиеме докази дека “функционира”. Јас не би одбирал според земја на потекло.

За мене е меродавна научната методологија, сепак, ова не е песна на Евровизија па да и дадеме на некоја земја 12 поени – порача д-р Срѓа Јанковиќ.