Ако имате хипотиреоза еве што треба да јадете, а што да одбегнувате

Се препорачуваат здрави масти, супа од коски, овошје и сол, а треба да се одбегнува соја и преработена храна.

Целосен увид во намирниците кои го помагаат опоравувањето на функцијата на штитната желзда и некои од најважните постулати за лекување без употреба на лекови.

На кој начин намирниците кои што ги сакате влијаат врз вашето здравје? Ако имате хипотиреоза што треба да одбегнувате а што е дозволено?

ИЗБЕГНУВАЈТЕ АНТИТИРОИДНИ НАМИРНИЦИ

Некои од неоспорно здравите намирници, како што е сојата и производите од оваа мешунка, се контрапродуктивни кога станува збор за лекување на хипотиреоза. Сојата е богата со естроген, а овој хормон го блокира производството на тироидните хормони.

Полинезаситените масти (растителни масла, семки, јаткасти плодови, риба, зелен зеленчук) исто така, неповолно влијаат врз болестите на штитната жлезда како што е хипотиреозата.

И покрај тоа што се многу корисни за здравјето, тие ја намалуваат функцијата на тироидата на речиси сите нивоа. Пред сè, овие масти го нарушуваат лачењето на тироидните хормони, потоа го блокираат нивниот транспорт низ крвотокот и на крај, ги спречуваат клетките на правилен начин да ги искористат.

ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ МАСТИ

Еден од најголемите бенефити од заситените масти поради кои треба да бидат застапени во исхраната во случај на хипотироидизам, е тоа што тие помагаат во неутрализација на токсичните ефекти од полинезаситените масти.

Покрај тоа, го подобруваат дејството на инсулинот (реакција на организмот на овој хормон), што овозможува одржување на стабилно ниво на глукозата во крвта и го редуцураат нивото на хормонот на стресот.

Инаку, зголеменото ниво на хормонот на стрес е еден од бројните причини за хипотиреоза.

Меѓутоа, треба да се биде внимателен кога станува збор за масти од животинско потекло, бидејќи денес стоката главно се храни со пченка, соја и друга храна која е богата со полинезаситени масти.

Во нивното месо се создава голема колична на такви масти. За да се одбегне истото, неопходно е да се бираат масти кои потекнуваат од животни кои се хранети со трева и да се користи путер и кокосово масло.

ТЕРАПИЈА СО ОВОШЈЕ

Овошјето би можело да биде основна храна која ја регулира работата на штитната жлезда. Повеќето од овие плодови се богати со калиум кој е многу важен за регулирање на нивото на шеќерот во крвта.

Калиумот ја намалува потребата за производство на инсулин, што на подолг рок помага во одржување на шеќерот во стабилни нивоа. Успешната регулација автоматски го намалува производството на хормонот на стресот.

Меѓутоа, постојат некои видови овошје кои треба да се одбегнуваат. Авокадото на пример е едно од нив, поради високата содржина на незаситени масти.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОЛИЧИНАТА НА СОЛ

Спротивно од општите препораки, поради кои солта ја следи негативна репутација, сепак, оваа намирница е многу важна и корисна кога станува збор за исхрана кај хипотиреоза.

Кога станува збор за успорена работа на штитната жлезда, еден од типичните симптоми на оваа дисфункција е едемот, кој настанува поради тоа што клетките земаат повеќе вода отколку што е потребно (задржување на течности во клетките).

Кога ќе ја искористите водата, клетките ја губат солта, која потоа се излачува преку урината. Ниското ниво на сол во организмот доведува до успорување на метаболизмот, а го подига нивото на хормонот на стресот, а намалената функција на штитната жлезда и натаму се успорува.

Бидејќи солта е основен извор на натриум-хлорид, сосем е логично во исхраната на лицата кои патат од хипотиреоза да биде застапена. Поради тоа, на голем број луѓе им е потребно повеќе сол отколку што претпоставуваат.

СУПА ОД ГОВЕДСКИ КОСКИ

Повеќето луѓе дури и не знаат што е тоа супа од говедски коски, а уште помалку им е познато дека таа е е еден од најдобрите извори на протеини. Поради исклучително високата содржина на драгоцени хранливи материи во коскената срцевина, а пред сè комбинациите од корисните амино-киселини (противвоспалително), кои ги нема во други месни извори, таквата супа би требало да биде застапена во исхраната на лица кои имаат проблем со штитната жлезда, особено доколку веќе се присутни симптоми на хипотиреоза.

ОДБЕГНУВАЈТЕ ПРЕРАБОТЕНИ НАМИРНИЦИ

Сите препорачани типови на исхрана за природно лекување на хипотиреоза ги исклучуваат индустриски преработените намирници. Ваквата храна содржи различни додатоци како и материи кои се создале во текот на процесот, а кои го нарушуваат нивото на гликоза во крвта.

Тоа го ремети производството на инсулин (организмот создава поголеми количини) и доведува до ниско ниво на шеќерот во крвта. Како последица на тоа е раст на нивото на хормонот на стресот – во обид да се врати во нормала нивото на глукозата.

Поради разградување на големи количини адитиви во преработената храна, црниот дроб е преоптеретен и мора повеќе да работи, што го ремети претворањето на неактивниот тироиден хормон во активен облик.

Loading...