Според рускиот доктор, болеста може да се пренесе од пациентот на било кој друг организам, па и на билка.

Овој лекар на своите пациенти им предлага еден целосно природен и несекојдневен метод за лекување, за кој ви е потребна способност за садење на билки.

На рускиот портал за алтернативна медицина се појави текст од докторот Борис Н. Холоденков во кој тој тврди дека лекувањето е можно, ако својата болест ја засадите во саксија со цвеќе.

Доколку сакате да го пробате овој алтернативен метод, внимателно прочитајте го текстот.

Лекарот напоменува дека нема контраиндикации. Руските лекари се познати по своите традиционални верувања и примена на алтернативната медицина, па не’ не изненади ни овој многу необичен начин на лекување.

Напомена: текстот е информативен!
Постапката е едноставна: од болното лице треба да се земе мала количина од неговите телесни течности: гној, урина, пот, секрет, и истите да се измешаат со земја во која понатаму ќе се засади билката.

Во саксијата со земја треба да засадите 2-3 семки или главица (луковица) од билката, чиј планетарен знак се совпаѓа со знакот на болеста, па да се причека додека да се појави младото растение во висина од неколку центиметри.

Потоа, внимателно, заедно со коренот се вади целата билка, па се спалува доколку болеста е поврзана со лачење на крв, гној, пот или секрет. Во сите останати случаи, билката се фрла во река, низ вода. После тоа, болеста поминува.

Важно:
Билката треба да се засади кога Месечината е во опаѓање. Тоа е период меѓу полна и млада Месечина.

Во природата па и во човековиот организам во овој период се јавува тенденција кон прочистување. 

Месечината во опаѓање суши, намалува, празни, и ја потенцира активноста кон прочистувањето.

Билката се сади во сабота, недела или роденден на болното лице. Истата се уништува исто така, кога Месечината е во опаѓање.

Билката која ќе ја засадите мора да биде од семе, семка или луковица, а никако од корен (освен рен), бидејќи така билката може да угине, што не е добро за болниот.

За да се излекувате од болест со помош на растение одгледано во саксија, неопходно е да ги познавате планетите кои владеат со конкретната болест, и да се пронајде соодветна билка.

Месечина: ревматизам, гихт, гнојни рани, менструални пореметувања, вошки, јадеж, лишај, епилепсија, месечарење, депресија, меланхолија, алкохолизам.

Марс: болести на увото, белите дробови, настинки, хемороиди, ишијас, мигрена, рани кои незарастуваат, внатрешни крвавења, жолтица, дизентерија, дијареа, опстипација, гангрена.

Меркур: болести на мозокот, несвестица, вртоглавица, пелтечење, стравови, стоматолошки чирови, чирови на кожа, акни, фистули.

Јупитер: кардиоваскуларни, гастроинтестинални болести, болест на панкреасот, слезина, хипертензија, ангина, очни болести, труење, мускулаторни болести, болести на коските.

Венера: полови болести, уринарни инфекции, сексуална перверзност.

Сатурн: болести на ендокриниот и лимфниот систем, онколошки заболувања, неплодност, лупус, псоријаза, мултипла склероза, деменција, скршеници, екцем, недијагностицирани болести.

Сонце: изгореници, смрзнатини , тешки инфекции, грип, тешки оштетувања на срцето и очите, парализа (како последица на траума и мозочен удар), неодерматитиси, неуроза, топлотен удар, лош метаболизам (дебелина).

БИЛКИ:
Месечина: анемона, астра, вероника, зелка , ирис, камелија, краставица, морков, фуксија.

Марс: аспарагус, босилек, коприва, праз, ротквица, ротква, цвекло, лук.

Меркур: анис, валеријана, ладолеж, далија, грашок, детелина, домат, цикорија.

Јупитер: сончоглед, јасмин, крес-салата, сусам, лимон, нане, глуварче, божур, ружа, рузмарин, пченица.

Венера: бегонија, каранфил, гераниум, гладиола, лале, ајдучка трева, грав.

Сатурн: рузмарин, компир, целер, миродија.

Сонце: врбена, зумбул, кантарион, невен, сончоглед, пченка, мајчина душица, жалфија.

Понекогаш се случува болеста да не може да се дефинира и да припадне на една или на друга планета; на пример, вирусен хепатитис од една страна е болест на црниот дроб (Марс), а од друга страна е инфективна болест (Сонце).

Во таквите случаи, треба да се користат двете билки, а да се засадат во различни саксии, но задолжително во ист ден.