Чувар куќа е билка со исклучително лековито дејство, препознатлива по своите дебели листови, за кои сме слушале уште како деца. Ги краси нашите домови, градини и балкони, а ако ви е потребен лек за желудник, ќе ви помогне чајот од чува куќа.

Овој чај ја уништува хеликобактеријата и помага да се обнови оштетениот ѕид на цревата, кај чир на желудник, гастритис или воспаление на слузокожата од желудникот, па многу брзо ја ублажува мачнината, подуеноста и болките, со што го смирува желудникот.

Потребни состојки: 3-4 свежи листови чувар куќа (10 г) и 250 мл вода

Постапка: листовите од чувар куќа измијте ги под млаз ладна вода, исечкајте ги на помали парчиња, па ставете ги во тенџерче и прелијте ги со 250 мл вода. Ставете на оган и веднаш штом зоврие, после 20 –тина секунди тргнете го садот од оган и поклопете го. По 5 минути процедете го.

Употреба: за најдобри резултати, вака приготвениот чај се пие наутро, на празен желудник во текот на 21 ден. Повеќе за овој лек можете да слушнете во видеото ОВДЕ.

Од што сè нè чува чуваркуќата?

Чувар куќа е месната, сочна билка, со дебели, овални листови наредени во розета. Во средината од билката се развива цветно стебло кое носи група од најчесто розеникави цветови. Цветовите може да бидат и црвени, бели и жолти.

Чуваркуќата цвета од април до септември, по што розетата умира. Но, пред тоа на стебленцето се создаваат нови, мали розети кои го продолжуваат животот на билката.

Оваа билка потекнува од Мексико, а на нашите простори се одгледува повеќе од илјада години. Расте по карпи, кровови, ѕидови, а можете да ја одгледувате и во саксии. Не бара голема нега, а најважно е да и се обезбеди доволно сончева светлина. Многу е отпорна на суша и високи температури.

Името го добила меѓу другото, и поради верувањето дека треба да се одгледува на кровови бидејќи наводно штитела од гром и оган.

ЛЕКОВИТ СОК ОД ЛИСТОТ

Со анализа е утврдено дека чуваркуќата е богата со антибактериски материи и полисахариди кои благотворно влијаат врз имуниот систем.

Чуваркуќата содржи јаболкова и мравја киселина и нивни соли. Нејзиниот меснат, сочен лист се бере во текот на летото, за време на цветањето. Исто како и кај алоето, за лекување се користи свежо исцеден сок од листот кој помага при: нервно растројство; падавица; немирен сон и детски стравови

Свежо здробени листови или свежо исцеден сок, благотворно делува на брадавици, чиреви, рани и изгореници, калуси на стапало, сончеви пеги, на болни места од гихт. Облога од свежо исцеден сок помага за ублажување на болки и намалување на отоци од убоди на инсекти (пчела, оса, комарец).

ЈА РАСТВОРА УШНАТА КАЛ ВО УВОТО

Сепак, свежиот сок од чуваркуќа од памтивек се користел како терапија за воспалено уво и наглувост, особено ако тоа е последица на наталожена ушна кал, цврст, жолт секрет. Сокот од чуваркуќа го раствора, што автоматски доведува до попуштање на притисокот во ушите.

Ако ве мачат болки во ушите, исцедете малку сок од чуваркуќа, и капнете 1-2 капки во увото. Во усната шуплина треба да постои многу кратко, но тоа е доволно за да попушти болката, а потоа и целосно да престане. По потреба повторете.

Кога станува збор за изгореници, потребно е нешто повеќе листови од чувар куќа од кои сокот директно ќе го истиснете врз болното место, додека за лекување на рани од удар, нагмечување и оток, се користи маст од оваа драгоцена билка.

МАСТ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ И РАНИ

Во длабок сад ставете еден грст здробени листови чуваркуќа, девет лажици вода и 200 г ситно исечкано свинско сало, па варете на тивок оган додека да започне да се одвојува маста. Кога смесата ќе се изедначи, процедете ја низ сито и маста складирајте ја во порцелански садови.

Почекајте да излади и да се стегне, па садовите ставете ги во фрижидер или на некое друго ладно и темно место. Оваа маст се користи за лекување на рани, а добра е и за ублажување на пеги од сончање.

ЧАЈ ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИК

Доколку имате чир на желудник или обилни менструации, пробајте го чајот од чуваркуќа. Едноставно се приготвува и многу е лековит. Во 250 мл вода ставете 12 грама суви или 10 грама свежи листови чувар куќа и варете 15 минути. Потоа процедете и оставете да излади.

Наутро испијте шолја чај на празен желудник, а подоцна на секој еден час по една супена лажица, додека ја испиете целата количина. Овој чај е добар за испирање на устата ако имате ранички и афти, како и за испирање на загноени крајници.