ЧОРБА ОД ПРАЗ (посно на вода)

Потребни состојки:

2 страка праз

1 главица кромид

300-400 г компир

Сол, црн пипер, ловоров лист

½ лимон сол

1 лажица брашно

Постапка:

Загрејте малку вода, додадете ситно сечкан праз, кромид и варете додека зеленчукот да омекне.

Додадете компир исечен на коцки, сол, црн пипер, ловоров лист, па сето прелијте го со еден литар вода. Гответе околу 45-50 минути поклопено на умерена температура.

Тргнете од оган, додадете една лажица брашно разматено во малку водичка и вратете да се довари уште 5 минути.

На крај зачинете со лимонов сок.

Доколку сакате да добиете крем чорба, смесата изматете ја во блендер или со рачен миксер.

Претходна статијаФантастичен ручек кој често ќе го правите со валјачиња од мелено месо и специјален прелив
Следна статијаСе приготвува за 5 минути, се пие 5 дена, се слабеат 5 килограми!