ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ: Совршенство во неколку едноставни чекори

Потребни состојки:

250 г брашно

120 г шеќер

1 ванилин шеќер

Loading...

1 прашок за печиво

4 лажици какао во прав

1 мала лажичка сода бикарбона

200 г чоколадо за готвење

100 мл масло сончогледово

240 мл млеко

1 јајце

Постапка:

Во еден сад измешајте брашно, какао, прашок за печиво, шеќер, сода бикарбона и ванилин шеќер.

Во друг сад изматете јајце, па додадете му млеко и масло.

Мешавината од суви состојки постепено додавајте ги во другиот сад, па заедно добро измешајте ги за да се соединат состојките.

Чоколадото исечете го на помали парчиња, оставете малку настрана за поросување, а остатокот додадетего  во смесата.

Смесата излејте ја во калапи, до половина отприлика, па поросете со малку чоколадо одозгора.

Печете 20 минути на 200 степени.

Loading...