Потребни состојки:

3 белки

65 г какао во прав

½ кафена лажичка цимет

¼ лажичка сол

1 кафена лажичка екстракт од ванила

150 г чоколадни капки (или чоколадо за готвење)

360 г шеќер во прав

Постапка:

Измешајте ги сувите состојки: шеќер во прав, какао, сол и цимет.

Додадете белки и екстракт од ванила, па мешајте со жица за матење додека да добиете мазна смеса. Не удирајте, само мешајте!

Додадете чоколадни капки (ако користите чоколадо за готвење, ситно исечкајте го). Промешајте.

По лажичка од тестото ставајте врз плех обложен со хартија за печење, со растојание од 2-3 см. Печете 15 минути на 180 степени.

Чоколадните бисквити се кршат кога се топли, па затоа оставете ги целосно да изладат пред да ги послужите.