Потребни состојки:

1 парче (250 г) лиснато тесто

5-6 компири со средна величина

100 г шунка по избор

100 г фета сирење

100 г кисела павлака

2 јајца

100 г кашкавал

100 мл млеко

Сол, црн пипер, босилек и други зачини по вкус

Постапка:

Компирот сварете го на половина, па исечете го на тркалца и зачинете по потреба.

Лиснатото тесто истенчете го околу 25 см ширина, ставете го во калап 22 см обложен со хартија за шечење, израмнете и подигнете го покрај ѕидовите на калапот.

Преку тестото наредете половина од шунката исечкана на тенки листови. Преку шунката наредете третина од компирот, па врез него наредете фета сирење исечено на листови. Ставете го и вториот дел од компирот, втората половина од шунката и малку панцета, фета, па третиот дел од компирот.

Изматете ја павлаката, јајцата и млекото, посолете и прелијте го компирот.

Изрендајте одозгора кашкавал и превиткајте ги аглите од лиснатото тесто.

Печете на 200 степени околу 45 минути или прободете со нож и проверете дали компирот е печен.

Се служи топло.