Чоколадна торта од 4 состојки која не се пече, за само 20 минути е готова

Потребни состојки:

250 г мелени бисквити плазма

100 г путер

400 г нутела или некој друг еурокрем

Loading...

500 г крем сирење Филаделфија, или друго несолено сирење

Постапка:

Соединете го путерот со 1 супена лажица нутела и добро растопете на водена пареа (или во микробранова печка). Со оваа мешавина прелијте ги мелените бисквити.

Оставете во фрижидер. Промешајте го остатокот од нутелата со крем сирењето и миксајте додека да се соединат во компактна смеса. Кремот исто така, оставете го во фрижидер.

Извадете ја од фрижидер вашата основа за торта. Ставете ја во калап и добро израмнете користејќи чаша, па со дното убаво потиснувајте за да биде изедначено.

Врз основата ставете го чоколадниот крем од нутела, па добро израмнете.

Вака подготвената торта вратете ја во фрижидер да излади уште 20-тина минути.

Украсете по желба.

Loading...