Фотографија и рецепт на Елена Мишковска

Потребни состојки за тепсија 28: 600 г брашно, 1 лажиче сол, 1 квасец, 1 лажиче шеќер, 2 жолчки, 1 филџан масло, млако млеко по потреба

Постапка: најпрво се става квасецот во малку млако млеко и лажиче шеќер да се активира. Од стасаниот квасец и останатите состојки се замесува помеко тесто и се меси што подолго време.

Се остава на топло место да стаса и да го удвои својот волумен. Откако ќе стаса, од тестото кинеме топчиња со величина по желба, ги премачкуваме со масло и ги редиме во тепсијата. Се оставаат повторно да стасуваат за да се удвојат.

Стасаното ЌАЕ го премачкуваме со две изматени белки, одозгора наросуваме дробено сирење, и врз секое ќае ставаме парченце путер или маргарин.

Се пече на 200 степени додека убаво да зарумени. Ќаето е успешно доколку има убаво потпечена кора, кога ќе го притиснеме да е меко како сунѓер, а кога ќе го отвориме да има кончеста структура.

Фотографија и рецепт на Елена Мишковска

Од Македонска кујна, некогаш и денес