Home Торта ЧОКОЛАДНА ТОРТА…Ако сакате едноставно, а многу вкусно…Овој рецепт секогаш успева!

ЧОКОЛАДНА ТОРТА…Ако сакате едноставно, а многу вкусно…Овој рецепт секогаш успева!

ЧОКОЛАДНА ТОРТА…Ако сакате едноставно, а многу вкусно…Овој рецепт секогаш успева! Превкусна торта која вреди да се испроба…

„Сочна и богата со чоколаден вкус, совршена за секоја пригода. Лесно се подготвува, а резултатот секогаш ги изненадува сите. Уживајте во секој залак и споделете го со вашите најблиски!“ Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За фил:
– 10 жолчки
– 1 ванилин шеќер/10 г
– 100 г шеќер
– 200 мл млеко
– 100 г чоколадо за готвење
– 200 г путер
– 3-4 лажици мелени лешници

За кора:
– 10 белки
– 1 прстофат сол
– 200 г шеќер
– 2 лажици брашно
– 200 г мелени лешници

И уште:
– 2-3 лажици крупно мелени лешници за декорација

ПОСТАПКА:

Изматете ги жолчките со шеќерот, ванилата и млекото, па варете на умерен оган со непрекинато мешање додека да згусне. Од моментот на зовривање потребни се 3-4 минути за да се згусне.

Тргнете од оган и додајте го чоколадото, па кога сето ќе се соедини, оставете да се олади. Путерот пенасто изматете го и соединете го со оладениот крем и на крај додајте ги лешниците.

Пенасто изматете изматете ги белките со прстофат со, па постепено додајте го шеќерот и матете додека да добиете цврст снег. Додајте брашно и мешајте со шпатула. Потоа додајте ги лешниците и соединете.

Смесата сипете ја во обложен плех 42х33 см и печете 35-40 минути во загреана рерна на 175 степени. Кога ќе се олади пресечете ја на 3 еднакви дела.

Филувајте: кора, 1/3 фил, кора, 1/3 фил, кора, 1/3 фил и премачкјате ја целата торта. Декорирајте со крупно мелени лешници и оладете ја тортата во фрижидер 3-4 часа. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: