Многу луѓе страдаат од запек, а храната богата со влакна не им помага на сите да ја активираат перисталтиката и да отпочне природното движење и повик за празнење на цревото.

Секојпат некој се соочил со опстипација и речиси секому му е познато чувстото на подуеност, поспаност, безенергичност…

Сето тоа се случува затоа што на телото не се исчистило навремено, отпадот полека се стврднува зашто водата, заедно со некои токсини, повторно се враќа назад во организмот преку ѕидот на цревото.

При постоење на долговремена опстипација, најдобро решение е да се користи топол, солен раствор. Солената вода ќе помогне да се исчистат цревата и да се нормализира дигестивниот тракт.

На телото му е потребна сол за да иницира различни биохемиски процеси, односно да предизвика движење на цревото. Физиолошкото решение помага не само за чистење на цревата, туку и за елиминирање на хроничниот замор кој настанал поради опстипацијата.

Како да се подготви солен раствор за чистење на дебелото црево?

Потребна ви е морска или хималајска сол (1-2 мали лажички), но не смее да биде јодирана. Водата (1 литар) треба да се свари, а потоа да се излади на собна температура, да биде топла или млака, да може да се пие.

Сипете сол. Потребен ви е и лимон за да го намалите или омекнете вкусот на солта. Значи, сипете ја топлата вода, додајте една-две лажички сол, сок од лимон и мешајте додека солта да се раствори.

Растворот треба да го пиете во рок од 5 минути (колку побрзо, толку подобро, барем половина литар). Потоа треба да легнете на страна и да го масирате стомакот, па на другата страна и повторно да го масирате стомакот.

За половина час ќе се исчистат цревата. Процесот на чистење може да заврши по неколку часа, па затоа е добра идеја да бидете дома за тоа време. Ова чистење најдобро се прави на празен стомак или неколку часа по јадење. Никако после јадење.

Забелешка:

Направете го ова само ако имате тежок запек и по консултација со лекар. Доколку сакате да го нормализирате варењето, би било добро да го исфрлите белото брашно и слатките од исхраната.

Јадете многу супи и варен и свеж зеленчук. Линк до студија која го покажала ефектот на солениот раствор во комбинација со јога пози – ОВДЕ. Ризикот од пиење на солена вода е зголемување на натриумот во организмот и висок притисок, можете да прочитате ОВДЕ. Ист и брз лаксативен ефект се постигнува и со пиење на сок од портокал во комбинација со рицинусово масло. рецептот можете да го прочитсте ОВДЕ.

Ова ги празни цревата за 6 часа и темелно ги чисти како под силен млаз – напиток од 2 состојки