Ориганото е диво медитеранско растение кое се смета за едно од најлековитите во светот и најсилниот природен антибиотик.

Научниците утврдиле дека маслото од диво оригано е 337 пати посилно антиоксидантно од зелениот чај, 130 пати посилно од лимонот, 30 пати посилно од лукот, 4 пати посилно од боровинката, 12 пати посилно од портокалот и има 42 пати посилно дејство од состојките во јаболката.

Ова се импресивни податоци, па не изненадува фактот што оваа мала билкичка успева да се справи и со најтешките бактерии кои се резистентни на повеќето познати синтетички антибиотици.

Богатство на корисни состојки и ефекти

Бидејќи дивото оригано е докажан б орец за зајакнување на имунитетот, треба редовно да се користи превентивно. Содржи бета-каротен, ниацин и бакар, манган, железо, калциум, витамин К, има огромен број на влакна и други органски соединенија кои се особено ефикасни при чистење и деток.сикација на црниот дроб.

Маслото од оригано има антибактериско и антивирусно дејство, па затоа се препорачува и за чистење од паразити. Есенцијалното масло од диво оригано е важно помагало во случаи на инфекции на грлото и устата, ја ублажува кашлицата и го зголемува имунолошкиот систем на организмот.

Исто така, предноста на ова масло е што со негова употреба, бактериите не развиваат резистенција, како кога се користат синтетички антибиотици.

Тој е добар лек за разни ра-нички на кожа, осип, псоријаза, чешање, решава проблеми со акни, хигиена и нега на косара (првут, себореја, вошки), егзема и воспаление и б олка во увото. Една од интересните работи е што оваа состојка спречува појава на атлетско стапало.

Исто така, има антиток-сични својства

Исто така, може да помогне при к аснувања, убо-ди, Лајмска болест (по отстранување на крлежи), проблеми со брада-виците, декубитис, артритис, ревматизам, тендинитис и остеопороза.

Антиток-сичните својства се добри во случај на т руење со храна, лошо варење на храната, гасови или дијареја. Чајот од диво оригано има силно антибактериско дејство и помага при ешерихија коли, стафилококи, салмонела и упорна кандида.

Одлично е и за уринарни и дигестивни проблеми, неправилна мен-струација, метаболички нару-шувања, недостаток на апетит, респираторни заболувања, гр.чеви во мускулите.

Употреба и до-зирање на масло од диво оригано

Маслото од диво оригано треба да се користи 10 дена во еден месец, 3 x 2 капки на ден. Се кон-сумира после јадење со разредување во лажичка масло за јадење (сончогледово, маслиново, кокосово, ленено семе), а може и во лажичка доматен сос. Деца на возраст под три години не треба да го користат, ниту бремени жени.

Може да го користите и со вди-шување, со додавање на 1 капка масло од оригано на половина литар врела вода и рамномерно да се вди-шува, со затворени очи, во мирување, десет минути. Вди-шувањето со ова масло не се препорачува за деца помлади од 10 години и чувствителни лица (со астма или алергии).

Локално, преку кожата, во случај на акни или габична инфекција, разредете 30-50 капки масло од оригано во 100 мл масло за јадење и нанесувајте го на кожата двапати на ден.

Тинктура од оригано

Тинктурата од оригано помага при ешерихија коли и кандида, како и при респираторни инфекции. За да приготвите тинктура од оригано ќе ви бидат потребни следните состојки: оригано, мајчина душица, ал-кохол (вотка).

Постапка: ставете ги свежо набраните оригано и мајчина душица (до 45% од шишето или теглата) во стаклено шише, и прелијте со ал кохол (остатокот од шишето/теглата, да се исполни речиси до врв). Чувајте најмалку 7 дена на темно и ладно место со повремено протресување, а потоа процедете и земајте по 5 капки наутро на празен стомак, 21 ден.

Чај од диво оригано против ешерихија коли

Потребни состојки: 500 г лист или корен од бел слез, 100 г цветни ливчиња од роза, 100 гр цвет од диво оригано, 100 г суви петелки од цреша и 500 мл вода

Постапка: исушете сè, измешајте и иситнете, па подгответе чај од две лажици мешавина со 500 мл врела вода, изладете, процедете и пијте млако, не повеќе од два до трипати на ден.

Чај од диво оригано против инфекции на уринарниот тракт

Потребни состојки: 100 г цвет од диво оригано, 100 гр ува и 700 мл вода. Постапка: сите состојки измешајте ги, па три лажици прелијте со 700 мл зовриена вода и оставете половина час да отстои поклопено. Потоа процедете и пијте во мали голтки во текот на целиот ден.