Чајни чупавци, превкусни и пребрзо се прават – за 10 минути, вкусни, меки, сочни

Ги имав заборавено колку се меки, сочни, па ги направив пред малку, превкусни се.

Потребни состојки:

500 мл млеко

5 лажици густин

10 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

150 г путер

1 кг чајни колачиња тркалца

200 г кокосово брашно

И уште: млеко за натопување и малку рум

Постапка:

Млекото ставете го да се вари. Промешајте густин, шеќер и ванилин шеќер со малку млеко и сварете како пудинг. Кога ќе излади спојте го со изматен путер.

Тркалцата натопувајте ги во млеко и рум, со помала лажичка ставајте им фил и валкајте ги во кокос. Ова правете го додека да го потрошите материјалот.

Најубави се кога ќе отстојат неколку часа во фрижидер или уште подобро преку ноќ.

Loading...