Баклава со бисквити: ова мора да го пробате зошто стварно е предобора!

Потребни состојки:

500 г кори

300 г мелени бисквити (плазма)

3 јајца

5 лажици шеќер

5 лажици масло

Масло за прскање на корите

Шербет:

1 литар вода

800 г шеќер

1 лимон

Постапка:

Прво сварете го шербетот: ставете ги водата и шеќерот да провријат, потоа додадете лимон исечен на тркалца и варете уште 5 минути, не треба да биде густо. Изладете.

Изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло, па уште малку изматете, па промешајте со мелени бисквити. Смесата ќе биде густа.

Пребројте ги корите и поделете ги, за секој ролат ви требаат три кори (јас имав шест ролат).

Првата кора испрскајте ја со масло, ставете врз неа втора кора, попрскајте ја и неа, па ставете ја третата кора.

Врз третата кора ставете од смесатат со бисквити, надолжно (тешко се размачкува бидејќи е густа, па со прсти ќе си помогнете). Цврсто свиткајте во ролат и редете во намастен плех. Постапката повторете ја со остатокот од корите.

Ролатите исечете ги со големина по ваша желба, малку премачкајте го секој ролат во плехот и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, додека убаво да зарумени. Врелата баклава прелијте ја со ладен шербет. Добро изладете и уживајте,

Најдобра е кога добро е изладена, не е многу слатка да ви се слоши, сочна е и брзо се прави.

сoolinarika.com

Loading...