Чај за јакнење на организмот и заштита од коронавирусот кој го практикуваат Кинезите

Фото и рецепт: Јелена Павловиќ

Овој чај за јакнење на организмот кој го практикуваат кинеските лекари може да послужи како превентива против вирусот кој мометно го освојува светот.

Напоменувам, овој чај не е лек за Ковид-19, туку превентива!

Loading...

Оваа превентива ја воведов како семеен ритуал кој го практикувам двапати дневно, една шолја наутро, а една шолја навечер. Вие сами одлучете како најмногу ви одговара.

Чајот има слатко-лут вкус, па оние кои сакаат незасладени напитоци (како јас на пример), нема да бидат воодушевени, додека на сите останати кои и онака ги засладуваат напитоците, одлично ќе им дојде.

За првите (како мене) олеснителната околност е луткастиот ѓумбир кој малку ја “убива” таа слаткост.

Количина потребна за едно лице за 2 пати дневно е следната.

Потребни состојки:

2 лажички сладок корен (од аптека)
1 лажичка ѓумбир во прав (има во продавници)
500 мл вода

Постапка:

Слаткиот корен и ѓумбирот ставете ги во тенџере со двојно дно (важно е тенџерето да биде од оние потешките, а не лимено) и прелијте со 500 мл вода.

Ставете на оган, па штом зоврие, намалете ја температурата и оставете на тивко да врие уште 20-тина минути.

Бидејќи течноста малку ќе испари, ќе добиете околу 450 мл готов чај. Првата процедена половина веднаш испијте ја, а втората половина оставете ја за подоцна. Пред консумирање загрејте го чајот.

Фото и рецепт: Јелена Павловиќ

Loading...