Оваа житарица е поќекратно корисна за луѓето. Претставува природно богатство на бројни важни соединенија: протеини, калциум, магнезиум, натриум, силициум, железо, манган, цинк, бакар, биотин, слуз и флавоноиди.

Овесните снегулки сите треба да ги имаме на своето мени, помешани со јогурт, млеко, овошен сок или во облик на каша или како додаток на некоја чорба од зеленук.

Она што можеби ни е помалку познато, е дека од нелупеното овесно зрно може да се свари многу лековит чај. Овесот особено им се препорачува на слабите и уморните лица, рековалесценти, на мајки после пораѓај и на оние кои се изложени на голем физички и психички напор.

Оваа билка го подобрува квалитетот на забите и коските, па особено им се препорачува на децата, но и на постарите лица, особено на жените во менопауза, бидејќи е забележано дека овесот има способност да ги балансира хормоните.

Оваа житарица има многу моќно, а сепак благо дејство за јакнење на нервниот систем. Им се препорачува на оние кои патат од несоница, психички замор, анксиозност и депресија.

Некои билкари чајот од овес го препорачуваат на лица кои се заболени од мултипла склероза.

Овесот во облик на каша од снегулки, варено зрно или чај од неизлупено зрно, им се препорачува на луѓе со чувствителни органи за варење. Ја регулира работата на желудникот, им помага на оние кои патат од дивертикулитис и синдом на пречувствителни црева.

ЧАЈОТ ОД ОВЕС им се препорачува на лица болни од рак, особено рак на дебело црево. Изгледа дека овој чај е делотворен во намалување на несакани последици кои може да се јават во текот на радио и хемо терапијата.

Обилува со микроелементи и флавоноиди, го јакне имунолошкиот систем и ја подобрува крвната слика.

Во едно истражување во кое биле опфатени 1540 професионални спортисти од Австралија, било забележано дека секојдневното консумирање на овес во исхраната придонесува за зголемување на мускулната маса, а спортистите имале повеќе енергија и подобро се чувствувале.

Сите кои патат од зголемено ниво на холестерол во крвта и висок крвен притисок, а не користат овес, задолжително треба да почнат да го јадат и пијат чај.

СИЛЕН ЧАЈ ОД ОВЕСНА СЛАМА ИЛИ НЕЛИПЕНО ЗРНО им се препорачува на сите кои патат од егзема, имаат чувствителна кожа или чувствуваат интензивно чешање. Бањите од овес треба да се применуваат двапати седмично.

ЧАЈ ОД ОВЕС ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

Полна рака неизлупен овес измијте го со ладна вода. Додадете еден литар ладна вода, ставете го на оган, па од моментот кога ќе зоврие, оставете да врие уште 5 минути. Потоа тргнете од оган и оставете да отстои еден час.

Процедете, а чајот пијте го во текот на целиот ден, по желба засладено со малку мед. Овој чај одлично го закрепнува слабокрвниот или ослабен организам кој претрпел некоја болест.

ЧАЈ ОД ОВЕС ЗА ЈАКНЕЊЕ НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ

Пет лажици неизлупен овес измијте го, па додадете еден литар ладна вода, ставете на оган да врие 1-2 минути. Тргнете од оган, оставете 2-3 минути да подизлади, па додадете по две супени лажици од маточина (Melissa officinalis) и мајчина душичка(Thymus serpillium). Поклопете и оставете половина час. Процедете и пијте во текот на денот.

ЧАЈ ОД ОВЕС ЗА ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

200 г овес
100 г лист од коприва
100 г коњско опавче
Сите билки измешајте ги, па пет супени лажици од смесата прелијте со литар ладна вода и загрејте до вриење. Кога ќе зоврие, варете уште пет минути, па тргнете на страна и поклопено оставете еден час. Процедете и пијте во текот на целиот ден, во мали голтки.

БАЊА ОД ОВЕС ПРОТИВ ЕГЗЕМА

Половина килограм нелупен овес или овесна слама варете 5 минути во 6 литри вода. Оставете да излади половина час, па процедете и додадете во водата за бањање.

Оставете потопени во водата 15 минути, избришете се без плакнење, па заболените делови од кожата измачкајте ги со невеново масло во кое може да додадете и неколку капки есенцијално масло од лаванда. Бањите се применуваат трипати седмично.

ЗА ТОА ВРЕМЕ СЕ ПИЕ И СЛЕДНИОТ ЧАЈ:

200 г од билката “ден и ноќ” (Viola tricolor)
100 г коприва
100 г вероника

Сите билки се мешаат, па 5 супени лажици од смесата се прелива со литар ладна вода, па се вари 5 минути. Оставете да излади половина час поклопено, потоа процедете и пијте во текот на целиот ден.

ЧАЈ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ГЛАСОТ ПРИ ЗАРИПНАТОСТ

Полна рака нелупен овес прелијте со литар ладна вода, загрејте до вриење, па додадете две лажици семе анасон (Pimpinela anisum) и продолжете со варење уште 3-4 минути.

Тргнете од оган и оставете да излади половина час. Процедете, додадете три лажици мед, промешајте и пијте во текот на целиот ден, во мали голтки.