Чај кој делува за три дена: ја разредува слузта и помага полесно да се исфрли

Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања – од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетис, остеопороза и некои други болести.

Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерни и антиоксидирачки својства, како на пример кверцетинот.

Кромидот традиционално се користи на овие простори како свежа храна, но и како дел од подготовката на речиси сите традиционални македонски јадења. Иако луѓето на овие простори ги знаат лековитите својства на кромидот, сепак малкумина знаат дека дури и науката потврдила дека кромидот е лек за дури 35 посериозни или помалку сериозни болести.

Кромидот освен што лекува, тој е и храна што се препорачува и како превентива за спречување појава на одредени заболувања. Многу истражувања што биле направени околу ефикасноста на кромидот во лекувањето и превенцијата на одредени заболувања покажале дека значително ја намалува можноста од појавата на рак на белите дробови.

Тоа се должи на кварцетинот, состојка содржана во кромидот. Резултатите од истражувањата покажале и дека со редовно јадење кромид, асматичните напади може значително да се намалат.

У бод од инсект

Сокот од црвениот кромид може многу да ви помогне да го намалите црвенилото и чешањето, кое се јавува по у бод од пчела и од оса. За да го постигнете тоа, потребно е местото на у бодот да го намачкате со исцеден сок од кромид.

Ги зајакнува срцето и кр-вните садови

Против коронарни болести, тромбоза, затнување на кр-вните садови и згрутчување на кр-вта, се препорачува секој ден да јадете по една свежа главица кромид за која сте сигурни дека е органски произведена.

Намалување на б олката во ушите

Лекарите постојано апелираат луѓето ништо да не ставаат во ушите. Но оние што имаат проблем со ушите и постојано чувствуваат б олка во тој дел на телото, својот здравствен проблем можат да го решат со употреба на топол кромид како облога.

Имено, главицата кромид пресечете ја на половина и на сува тава убаво загрејте ја. Загреаната половина од кромидот, завиткајте ја во чиста крпа и користете ја како облога на увото. Оваа постапка за загревање на увото е толку безбедна што неа можете да ја практикувате дури и кај мали деца.

ЧАЈ ОД КРОМИД

Чајот кромид е особено многу ефикасен против кашлица. Овој пијалак служи за лекување на срцева и бронхијална астма. Кај потешки заболувања на астма и бронхитис за целосна излечување, чајот треба да се пие 2-3 недели, што е можно почесто, со цел целосно да ги исчистите и излечите бронхиите и белите дробови.

За астматичари на белите дробови и срцето, се препорачува со овој чај да консумираат изрендана ротквица со дополнување на малку шеќер. Сè што треба да направите е да земете две средни главици кромид, излупете го само првиот слој на лушпата, пресечете ги на 4 делови и ставете ги во 1 литар вода.

Во водата додајте и 100 г кафеав шеќер, а смесата, откако водата ќе зоврие, гответе ја уште 15 минути. Оставете да се излади, а потоа додајте мед. Пијте лажица по лажица во текот на целиот ден.

ЧАЈ ЗА ИСФРЛАЊЕ НА СЛУЗТА

Потребни состојки: 2 средни главици кромид, 1 лажичка кромид во прав, 1 лажичка ѓумбир во прав (може и свеж, само ќе ставите повеќе), 400 мл вода и мед по потреба и вкус

Постапка: Кромидот ситно исечкајте го. Водата ставете ја на оган, па кога ќе зоврие додајте ги кромидот, ѓумбирот и куркумата во прав. Промешајте и поклопете. Варете половина час на умерена температура со повремено промешување. Штом забележите дека течноста се згуснува, тргнете го тенџерето од оган.

Потребни состојки
кромидот ситно исечкајте го
кога ќе зоврие водата, додајте ги кромидот, куркумата и ѓумбирот
промешајте и поклопете
гответе половина час
напитокот е готов кога кромидот целосно ќе омекне

Дали напитокот е готов најдобро ќе оцените според кромидот: штом тој стане мек и почне да се топи, значи дека се сварил и ги испуштил сите потребни материи во течноста. Повторно поклопете го тенџерето и оставете го да се лади најмалку половина час. Течноста треба да биде млака.

процедете го напитокот

Потоа напитокот процедете го и добро истискајте го кромидот за што повеќе течност да излезе од него. Додајте мед по потреба и вкус, приближно на 200 мл течност се става една лажичка мед. Напитокот складирајте го во стаклена тегла или шише и чувајте го во фрижидер.

добро истискајте да излезе цела течност од кромидот
течноста складирајте ја во стаклено шише или тегла

Се консумира по 2-3 супени лажици наутро на гладен стомак и исто толку навечер (да не е непосредно пред легнување, да има растојание барем еден час пред спиење). Се пие неколку денови додека да почувствувате олеснување, а може да се користи и по потреба.

додајте мед по потреба

Има многу пријатен вкус, но и малку налутува па затоа не им се препорачува на деца, бремени жени и лица кои имаат проблем со желудник или камен во жолчно кесе. Деталите од целата постапка и објаснувањето можете да ги слушнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаСо секоја голтка од овој напиток се намалува холестеролот и салото на стомакот
Следна статијаОдлична посна торта со полнети јаболка, многу сочна и вкусна