Одличен избор за посни денови, тортата е полна со ореви и многу е сочна. Многу едноставно се приготвува од неколку убави цврсти јаболка. Потребно е да ги издлабите, да ги наполните со мелени ореви и да ги испечете, а потоа да ги прелиете со  бисквитна смеса која многу лесно и брзо се мати.

Потребни состојки: 8 јаболка излупени и издлабени, 150 г ореви, 5 лажици зовриена вода, сок од 1/2 лимон, 1 лажичка цимет, 1 лажица кафеав шеќер, 1 мала лажичка посен маргарин (ова можете да го изоставите)

Потребни состојки:

Потоа: 225 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 1/2 лажичка сода бикарбона, кора од еден лимон, 2 лажици џем од кајсија, 100 г шеќер, 100 мл масло, 225 мл вода (можете да го замените со сок од јаболко), глазура по избор (шлаг, чоколадо, карамел и ореви)

Јаболката излупете ги и внимателно издлабете ги

Постапка: Јаболката излупете ги и внимателно издлабете ги и отстраните ги семките. Внимавајте да не ги скршите плодовите, тие треба да останат цели. На оган зовријте 5 супени лажици вода и прелијте ги мелените ореви (150 г) и додајте сок од половина лимон.

зовријте 5 супени лажици вода и прелијте ги мелените ореви (150 г) и додајте сок од половина лимон
Пригответе го калапот за торти: Обложете го со хартија за печење, намастете го со посен путер и наросете една лажица кафеав шеќер

Смесата убаво промешајте ја за да стане компактна. Нема потреба да додавате шеќер. Со оваа смеса наполнете ги издлабените јаболка. Пригответе го калапот за торти: Обложете го со хартија за печење, намастете го со посен путер и наросете една лажица кафеав шеќер.

полнетите јаболка наредете ги во калапот
одозгора наросете ги со малку цимет во прав и ставете ги да се печат 20-тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени

Наредете ги јаболката во калапот (22 см), одозгора наросете ги со малку цимет во прав и ставете ги да се печат 20-тина минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Додека се печат јаболката, вие пригответе ја смесата за бисквитот со кој треба да се прелијат јаболката.

225 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 1/2 лажичка сода бикарбона и рендана кора од еден лимон
потоа додајте 2 лажици џем
100 мл масло
и 225 мл вода или сок од јаболка

Во еден длабок сад ставете 225 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво и половина лажичка сода бикарбона. Додајте 100 г шеќер и рендана кора од еден лимон. Промешајте ги сувите состојки па додајте ги влажните: 2 лажици џем од кајсии, 100 мл масло и 225 мл вода.

промешајте ги сите состојки
сместата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки

Наместо вода може да додадете сок од јаболка, а наместо џем од кајсии може да додате било кој друг џем кој сакате по ваш вкус. Добро измешајте со жица за матење додека да се соединат сите состојки и да добиете изедначена, компактна смеса, малку погуста од онаа за палачинки.

израмнете и вратете да се допече уште половина час

Смесата рамномерно излејте ја врз печените јаболка, малку израмнете и вратете во топлата рерна да се допече уште 30-тина минути. Печената торта извадете ја и оставете ја малку да се олади пред да го отстраните обрачот. После 15 минути превртете ја и отстранете ја хартијата.

печената торта оставете ја да се подизлади, 15-тина минути
превртете ја и отстранете ја хартијата
вратете го о брачот додека тортата е сè уште топла
одозгора наросете мелени ореви
и послужете

Вратете го обрачот затоа што јабоката поспоро се ладат и тортата е уште топла. Бидејќи оваа торта е посна, нема потреба да се става глазура, едноставно наросете ја со мелени ореви и почекајте да се олади. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.