Чаеви за регенерација на црниот дроб

Црниот дроб е орган кој врши најмногу функции во човековиот организам, па затоа е најоптеретен. Потребно е повремено да се прочистува, за да може непречено да ја врши една од најважните функции, а тоа е елиминирање на штетните материи од телото. Овие рецепти се особено полезни кога веќе дошло до болест на црниот дроб, проследено со болки.

Измешајте еднакви количини од:

-кантарион,

Loading...

-цикорија и

-невен

Навечер, земете две лажици од оваа мешавина и прелијте со две чаши ладна вода. Оставете да отстои во текот на цела ноќ.

Наутро ставете на оган, нека врие 5 минути, па процедете.

Во текот на денот пијте повеќе пати по малку од овој чај, додека да ја испиете целата содржина.

Терапијата трае два месеци. После два месеци состојбата на црниот дроб се подобрува, протокот на жолчката се подобрува, а болките исчезнуваат.

После два месеци се приготвува следниот чај:

Измешајте еднакви количини од:

-коњско опавче

-ајдучка трева

-шипка (Cynosbati fructus)

Една лажица од оваа мешавина прелијте со една чаша зовриена вода, па оставете поклопено да отстои 2-3 часа.

Пијте по половина чаша трипати дневно, половина час пред јадење, во текот на 14 дена.

После еден месец, може да се повтори терапијата.

Loading...