Здраво драги мои. Оваа едноставна пита кога еднаш ќе ја пробате, ќе ја правите 100 пати. Неверојатно е мека, сочна и вкусна со шолја јогурт, идеална за брза вечера или појадок. Многу брзо се приготвува, а уште побрзо се јаде, целото семјство ќе ја сакаат. Лесна е и на секому му годи, особено во летните денови. Уживајте.

Потребни состојки: 3 јајца, 1 лажичка сол, ½ лажичка црн пипер, 2 лажици кисела павлака, 100 мл масло, 200 мл јогурт, 6 лажици брашно, 2 лажици гриз
½ кесичка прашок за печиво, 1 тиквичка, ½ страк праз, 1 домат, сусам. Се приготвува во плех со димензии 32х20 см и се пече 30 минути на 200 степени.

Постапка Изматете три јајца со жица за матење, па додадете лажичка сол, половина лажичка црн пипер, па повторно малку промешајте.

Потоа додадете две полни супени лажици кисела павлака, а од течни состојки додадете 100 мл масло и 200 мл јогурт. Убаво промешајте за да соединат состојките.

Во приготвената смеса додадете една помала тиквичка претходно исечкана на ситни коцкички, половина страк праз, исто така ситно исечкан и еден домат исечен на коцки.

Во друг сад измешајте 6 супени лажици брашно и половина кесичка прашок за печиво, па просејте го врз претходната смеса. Додадете и две супени лажици гриз, па нежно промешајте за да се соединат состојките.

Добиената смеса излејте ја во претходно намастен и набрашнет плех со димензии 32х20 см, наросете сусам и малку домат исечкан на коцки, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, половина час. Деталите погледнете ги во видеото: