Како да ја исчистите рерната без напорно триење и болки во рацете. Пробајте го овој многу полесен начин, ќе бидете задоволни.

“Рерната не сум ја исчистила цела недела и намерно ја оставив да се извалка за да ви го покажам овој метод на чистење кој навистина е ефикасен и успева” – вели Амела во своето видео.

Нејзините следбенички го испробаа овој трик и своето воодушевување го искажаа во бројните коментари.

“На едно место ми се излеа и масло, но намерно го оставив – вели Амела, која инаку рерната ја чисти после секое готвење.

ПОСТАПКА:

На сите средства за чистење рерна во упатството им пишува дека треба да ја испрскате рерна, да оставете да делува неколку минути, а потоа да исплакнете со вода и сите дамки ќе исчезнат.

Но, тоа не е вистина. Јас кое средство и да го користев, после него морав по 2-3 часа да тријам за да излезе сета нечистотија – вели Амела.

Па, земете некое од поевтините средства и убаво испрскајте ја рерната. Потоа ставете проѕирна фолија или обложете ја рерната со кеси. Оваа постапка обично ја правам навечер, но овојпат за подобро да се гледа (за видеото), рерната ја испркав наутро.

После 90 минути делување (а уште подобро ако се остави преку ноќ), отстранете ги кесите и фрлете ги во ѓубре. Потоа со обичен сунѓер еднаш поминете ја рерната, а потоа со влажна крпа пребришете ги остатоците од средството за чистење. Ќе бидете восхитени од резултатот!

За да не ви мириса рерната на хемикалии, ставете еден сад со вода, а во него еден исечен лимон, па вклучете ја рерната да се загрее на најсилно. Потоа исклучете и оставете да излади. На овој начин рерната нема да ви мириса на хемикалии, туку на свеж мирис од лимон.

Напомена: При контакт со силни хемиски средтсва како што се оние за чистење рерна секогаш носете заштитни ракавици, а при прскањето носете маска и очила.

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: