БРЗИ СТАПЧИЊА ЗА МЕЗЕ…Сопругот ги обожава, но и моите деца…Многу брз и едноставен рецепт за вкусна закуска…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл, чаша од 200 мл):

1 мала чајна чаша млеко
1 јајце
1 лажичка сол
1 чаша рендан чедар/ кашкавал
1 мала чајна чаша ситно сирење
8 гранчиња магдонос (еден грст ситно сечкан)
1 кесичка прашок за пециво
2,5 чаши брашно

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги јајцето, млекото и солта. Додајте кашкавал, бело/ситно сирење, ситно сечкан магдонос и прашок за печиво. Брашното додавајте го постепено и замесете меко тесто.

2.Покријте го тестото и оставете го да отстои 15 минути.

Потоа на малку набрашнета површина развлечете го во кора со средна дебелина и исечете го на ленти со широчина од еден прст (пократки или подолги по ваша желба).

3.Стапчињата пржете ги во умерено загреано масло додека да зарумени од двете страни.

Ако ги печете во рерна, плехот обложете го со хартија и со четка намастете ги стапчињата од двете страни (во загреана рерна на 180-200 степени, 15-тина минути или додека да заруменат).Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/Y70OKHElgbo?si=2VD37oDh33MatKW9