Брзи пишии – ако ве нервира тоа што остануваат масни, пробајте го овој рецепт! Овие се повкусни и немасни од другите

Ако сте љубители на пишиите, а ве нервира тоа што при печењето впиваат премногу масло, пробајте го овој рецепт! Имате рецепт со јајце и рецепт без јајце. И двата рецепти се одлични.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

1 јајце
½ чаша кисела павлака
1 чаша топла вода
1 прашок за печиво
½ лажиче сода бикарбона
малку сол
брашно по потреба

Постапка:

Од сите состојки замесете тесто, а брашно додавајте толку колку да добиете меко тесто како за пица.

Тестото развлечете го со дебелина од прст, исечете го на правоаголници и пржете ги во умерено загреано масло.

РЕЦЕПТ 2

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 мл кисело млеко
600 г брашно
1/2 супена лажица сода бикарбона
1/2 супена лажица сол
1 пакетче прашок за пециво

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад се става брашно,потоа се додава кисело млеко,сода бикарбона,сол и прашок за пециво.

Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се расукува во поголема кора со дебелина од 1 сантиметар.

Расуканата кора се сече по должина на ленти,а потоа и попреку накосо за да се добијат форми на баклава.

Добиените баклавчиња се пржат во загреано масло, а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив.

Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко.

Loading...