Home предјадење Брзи крцкави сендвичи со шунка, кашкавал и лиснато тесто…На децата им се...

Брзи крцкави сендвичи со шунка, кашкавал и лиснато тесто…На децата им се омилени, а гостите прво по нив посегнуваат…

Брзи крцкави сендвичи со шунка, кашкавал и лиснато тесто…На децата им се омилени, а гостите прво по нив посегнуваат…Овие сендвичи се совршени за секоја прилика, без разлика дали е семејна вечера или забава со пријателите.

Лесни се за подготовка и потребни ви се само неколку состојки. Испробајте ги и уверете се зошто се толку популарни! Споделете го рецептот со вашите најблиски и уживајте во нивната реакција. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 готови лиснати теста
9+9 тенки листови шунка (или сувомеснато по избор)
9+9 тенки листови кашкавал (или рендан)
1 јајце за премачкување
НМД.мк

ПОСТАПКА:

Првото лиснато тесто отворете го во плех обложен со хартија за печење. Наредете шунка преку цела површина, а потоа кашкавал, па повторно шунка и кашкавал.

Поклопете со второ лиснато тесто и краевите притиснете ги со виљушка за да се спојат двете теста. Одозгора лесно направете површински дијагонални засеци (не мора) и премачкјате со јајце.

Сендвичите можете да ги правите и пониски, во еден слој од шунка и кашкавал. Печете 25 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади, па сечете ги сендвичите во правилни коцки. Постапката погледнете ја ОВДЕ: