Ова се брзи погачици валкани во сусам, имаат предобар вкус. Неверојатно се меки и вкусни. Можете да ги полните со било што, а се печат во рерна веднаш штом ќе ги направите.

Нема чекање, нема јајца, нема квасец а мерката е чаша од јогурт, така што не ви е потребна ниту вага. Искрено препорачувам да ги пробате, зошто навистина имаат предобар вкус. Сусамот им дава посебен шмек. Се топат во уста!

Потребни состојки: 2 чаши јогурт, 1 чаша масло, 2-3 кесички прашок за печиво (вкупно 30 г), 2 лажички сол, 6-7 чаши брашно, малку вода за натопување на погачиците, 100 г малку пропржен сусам. Можете да ги правите празни или да ги филувате со фил по ваш вкус. Чаша = 180 г јогуртна чаша

Постапка: Во еден сад ставете две чаши јогурт на собна температура, една чаша масло, , 2 кесички прашок за печиво од по 15 г, или 3 од по 10 г, 6-7 чаши брашно, 1-2 лажички сол. Замесете убаво меко тесто кое многу малку се лепи се раце.

Рерната вклучете ја на 180 степени да се загрева додека ги правите погачиците. Од тестото кинете по малку и до дланките формирајте топчиња. Користете малку брашно за да не ви лепи. Сплескајте го топчето како плескавица, ставете едно лажиче фил по избор и формирајте повторно топче.

Филуваните погачици натопувајте ги во ладна вода, а потоа влакјате ги во сусам и редете ги во намастен плех и печете ги во рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: