Многу се вкусни за појадок, вечера, па и за ручек, зошто да не.

Потребни состојки: 800 г брашно, 2 чаши (или 400 мл) млака вода, 2 мали лажички сол, ½ прашок за печиво, малку путер или масло, сирење за фил и масло за пржење

Постапка: од целото брашно одземете малку за наросување, а во останатото брашно се додава сол и прашок за печиво. Со вода се замесува меко и еластично тесто кое не се лепи. Тестото оставете го малку да одмори.

лиснати мекици

На набрашнета маса со оклагија развлечете колку можете потенка кора – правоаголна. Одозгора премачкајте ја со омекнат путер во тенок слој. Одозгора издробете ситно сирење врз целата кора. Свиткајте во ролат и исечете го на 14 парчиња.

Краевите фино се притиснуваат да се залепат. Потоа со оклагија малку се развлекуваат правоаголните мекици со дебелина од околу 1 см.

лиснати мекици

Кога ќе се направат, се пржат во врело масло од двете страни и се редат врз чинија со хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Послужете со јогурт, сирење, кисело млеко, кисела павлака…

лиснати мекици