Првиот рецепт е на почитуваниот Влатко Стојовски. Ако досега не сте го испробале, запишете си го рецептот и следната пригода направете го. Многу вкусна пита и многу едноставна за приготвување, па секогаш кога немате многу време за во кујна, искористете го овој рецепт и пригответе им на вашите најмили брз, вкусен, но и здрав оброк. / Фотографии и рецепт на Влатко Стојовски.

пита со праз / Фотографија на Влатко Стојовски




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 шолја (250 мл) кисело млеко или газирана (јас со вода ја правам и досега супер ми излегува), ½ шолја масло, 2 шолји брашно, 1 кесичка прашок за печиво, на врв на лажичката сода бикарбона, 2 страка праз, сирење или урда по желба и сол по вкус

пита со праз / Фотографија на Влатко Стојовски




ПОСТАПКА: 2 јајца и една белка се матат со жица, па се додава газирана вода и масло. Се меша, а потоа се додава брашното на кое му биле додадени прашокот за печиво и содата. Повторно се меша и се додава иситнетото сирење и ситно сечканиот праз.

пита со праз / Фотографија на Влатко Стојовски




Целата смеса се истура во подмачкан плех 28 (за двојна доза се користи плех бр.36). Се премачкува со останатата жолчка и се поросува со ленено семе и сусам. Се остава 15 минути и се пече во загреана рерна на 180-200 степени додека малку да зарумени. Прочитајте го и следниот рецепт за вкусна пита со праз:

пита со праз / Фотографија на Влатко Стојовски




Пробајте ја оваа вегетаријанска пита полна со зеленчук. Доколку сакате нешто вкусно и заситно, а сепак тоа да биде здраво и д иетално, ви го претставуваме овој рецепт за кој веруваме дека ќе стане редовен на вашето мени. Брза и едноставна пита со многу зеленчук, нема да ви одземе многу време нејзината подготовка.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 компири, 2 поголеми моркови, 300 г праз, 1 свежа црвена пиперка, 4 зелени пиперки, 1 рака свеж магдонос, 170 г зелка. И уште: 4 јајца, 4 лажици масло (80 мл), 5 лажици млеко (100 мл), 4 лажици брашно (36 г), 1 лажичка сол (10 г), 1 лажичка црн пипер во прав или по вкус, 1 кесичка прашок за печиво (11 г), 150 г рендан кашкавал (чедар)

ПОСТАПКА: Земете две поголеми парчиња компири, измијте ги, излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Истото направете и го со два големи моркови, измијте ги, излупете ги и исто така, изрендајте ги.




Околу половина главица бела зелка (170 г) исчистете ја од надворешните листови и евентуална нечистотија, па ситно исечкајте ја како за салата. Додајте ја длабокиот сад заедно со ренданиот компир и ренданиот морков.

Следно на ред е празот. Излупете го од горните листови и убаво измијте го. Потоа исечете го ситно на тенки крукчиња. Четири зелени пиперки исчитете ги од петелките и семето, па и нив исто така, ситно исечкајте ги.




Една рака (околу половина китка) магдонос или повеќе доколку сакате, измијте, исцедете и ситно исечкајте, па додајте во останатиот зеленчук. Останува уште една црвена пиперка, која може да биде „ајварка“, но и некоја лута доколку сакате малку лут вкус. Исечкајте ја и додајте ја во купот.




Промешајте го иситнетиот зеленчук за да се распореди рамномерно. На страна, во друг подлабок сад изматете четири јајца со жица-маталка. Додајте 100 мл млеко, 80 мл маслиново масло и зачини по вкус (црн пипер, чили, сол, нане…).

На крај додајте една кесичка прашок за печиво (11 г) и четири супени лажици брашно (36 г). Добро изматете со маталката додека да добиете изедначена, хомогена смеса без грутчиња, нешто погуста од онаа за палачинки.




Добро промешаниот зеленчук прелијте го со претходно предготвената смеса и уште еднаш убаво промешајте да се распореди рамномерно. Плехот од рерна обложете со хартија за печење, па во него распоредете ја смесата и израмнете.




Рерната добро загрејте ја на 180 степени, па ставете ја зеленчуковата пита да се пече околу 25-30 минути, додека убаво да зарумени. Извадете ја од рерната и одозгора наросете ја со 150 г рендан кашкавал.

По желба може да наросите и малку сусам и ким. Овие семиња и даваат многу убав вкус и мирис на питата. Вратете ја во топлата рерна уште неколку минути додека кашкавалот да се растопи. Потоа можете да ја извадите, а откако малку ќе се подизлади, послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.