Солено печиво со спанаќ, брзо се приготвува а вкусот му е фантастичен! Може да се приготвува за појадок или вечера, а може да го замени и главниот оброк. Многу лесно се приготвува, па кога немате многу време, а ви се јаде нешто вкусно, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас. Еве што ќе ви биде потребно.

Потребни состојки: 4 јајца, ½ лажичка сол, 100 мл масло, 200 мл јогурт, 10 лажици брашно, 10 лажици палента, 1 прашок за печиво, 200-250 г сирење и 150-200 г исчистен спанаќ свеж, не обарен. Наместо спанаќ може да додадете блитва, зеље или нешто друго што имате.

Постапка: Изматете ги јајцата со половина лажиче сол, да станат пенасти. Додајте масло и продолжете со матење. Потоа додајте јогурт, па промешајте и додајте брашно, палента, прашок за печиво и мешајте додека да се изедначи смесата.

На крај додајте го спанаќот претходно измиен и исечкан на ленти и сирење крупно издробено, да се познава повеќе. Спанаќот нема потреба да го бланширате претходно, ниту да го варите, доволно е добро да го измиете, да ги исечкате и со малку сол да го истискате со рацете за да омекне уште повеќе.

Измешајте убаво да се изедначи и смесата ја излејте ја во правоаголен калап претходно обложен со хартија за печење. Печете во претходно добро загреана рерна на 180 степени околу 40 минути или додека да зарумени, во зависност од вашата рерна. Се послужува со јогурт или кисела павлака. / Верче Илиоска/ coolinarika.com

Брза излеана пита со спанаќ– брза како БРЗИ ГОНЗАЛЕС

Питата е превкусна, лесно и многу брзо се приготвува, идеално се секое време, особено кога немате доволно време. Наместо спанаќ може да употребите блитва, коприва или што и да имате.

Потребни состојки: 400 г спанаќ или зелје, 4 јајца, 1 шолја (за чај или бело кафе од 250 мл) пченкарно брашно, 2 шолји пченично брашно (обично, бело), 100 мл масло, 1 прашок за печиво, 1-2 лажички сол или по вкус, 1 чаша кисело млеко од 180 г, 300 г ситно сирење за пита.

Постапка: Спанаќот убаво измијте го, исцедете го, па исцепкајте го или исечкајте го ситно. Ставете го во еден сад и прелијте го со зовриена вода, а може и да го обарите (како ви е полесно). Оставете малку да отстои за да омекне, па процедете го од вишокот вода.

Бидејќи питата брзо се приготвува, уште на почетокот вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Во поголем сад скршете ги јајцата и изматете ги со жица. Додадете масло и киселото млеко, па повторно измешајте за да се соединат состојките.

Посолете по вкус и додадете го пченкарното брашно. Промешајте со жицата за да се соедини смесата. Наместо пченкарно може да користите хељдино или некое друго по ваша желба. Додадете една шолја обично брашно, па добро промешајте за да изедначи.

Потоа додадете го сирењето, втората шолја брашно и прашокот за печиво. Спанаќот процедете го, па и него додатете го во смесата. Убаво со лажица промешајте за да се изедначат состојките. Пригответе еден класичен плех со средна величина и намастете го со масло.

Во приготвениот плех излејте ја смесата и рамномерно распоредете. Одозгора можете да наросите сусам и да ја ставите питата да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу половина час.

Кочанска пита со спанаќ – мешаш сè, излеваш и печеш – прсти да излижеш!

Оваа пита е полн погодок и како предјадење и како главно јадење, а подеднакво е вкусна и ладна и топла. Ако го сакате спанаќот, прочитајте го рецептот и применете го во вашата кујна.

Потребни состојки: околу 700 г спанаќ или повеќе, 250 г млад кромид (или обичен), 2-3 гранчиња нане, 50 г путер, 250 г фета сирење, 3 јајца, 4 лажици пченкарно брашно, 3 лажици маслиново масло, 3 лажици сончогледово масло, 1 лажичка куркума, сол, црн пипер по вкус.

Постапка: Пригответе ги сите состојки. Спанаќот, кромидот и нането ситно исечкајте ги. Во мешавината од маслиново и сончогледово масло запржете го исечканиот спанаќ за да овене. Потоа додајте го сечениот млад кромид и нането, па продолжете со динстање уште 10-15 минути.

Пред крајот посолете и зачинете со црн пипер, додадете путер и промешајте. Во подлабок сад ставете ги јајцата и фета сирењето и убаво промешајте ги. Потоа, во садот додајте го изладениот спанаќ со младото кромитче и повторно измешајте. Потоа додајте го пченкарното брашно, промешајте и додајте лажичка куркума.

Зачинете со црн пипер и по потреба додајте сол, па убаво на крај уште еднаш промешајте за да добиете изедначена, еднолична смеса. Огноотпорниот сад намастете го (или тепсијата во која ќе печете), па излејте ја приготвената смеса и рамномерно распоредете ја.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени и печете околу 45 минути, а потоа после вадењето оставете малку да излади. Исечете ја и послужете. Оваа излеана пита може да биде многу вкусно топло или ладно предјадење или да се послужи како прилог со некое печено месо. / Coolinarika.com