Рецепт на Лета од Летина Кујна. Домашен џем од малина без адитиви и конзерванси. Се прави многу лесно и едноставно, а толку е освежителен што веднаш ќе добиете енергија. Идеален е за летните топли денови.

Потребни состојки: 1,7 кг свежи малини, 500 г кристал шеќер Постапка: Малините се ставаат во поголемо тенџере, а врз нив се прелива точно 500 г кристал шеќер. Се става на рингла на средна температура и постепено се меша за да се соединат малините и шеќерот.

Се готви до посакуваната густина, оптимално отприлика 45 минути. Претходно треба теглите да се пастеризираат во претходно загреана рерна на 90 степени, 90 минути кои потоа треба да преноќат теглите во исклучената рерна.

По изминатите 5 – 10 минути се зголемува температурата додека малините се варат.

По 8 – 10 минути ќе почне да се појавува пена која е потребно да ја отстранувате. Оваа количина на шеќер, воопшто не влијае на вкусот на џемот. Оптималната количина е оваа која ја пишува во рецептот, но може да додадете повеќе или помалку по желба.

Кога ќе се добие посакуваната густина, џемот се складира во пастеризираните тегли, а од оваа количина се добива многу џем кој ќе ви трае со месеци. Кога џемот ќе почне да се згуснува, потребно е постојано да го мешате со дрвена лажица.

Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт, како да приготвите џем од смокви.

Џем од смокви – Крал на медитеранските џемови, во себе го носи вкусот на летото
Рецепт на Александра Босиоциќ Дроњиќ. Џемот од смокви е крал на медитеранските џемови според моето скромно мислење. Со себе го носи вкусот на летото и во зима.

Потребни состојки: 1 кг смокви, 250 г шеќер, 1 лимонов сок.

Постапка: Постапката е многу лесна. Наберете ги смоквите, па измерете ги. На еден килограм овошје ставете 250 г шеќер и сок од еден лимон.

Смоквите излупете ги, наросете ги со шеќер и оставете ги половина час (може и подолго, ако ги оставите на неколку часови, тогаш ставете ги во фрижидер).

Потоа ставете ги на тивок оган да се варат 20-25 минути. Пред самиот крај додајте го сокот од лимон. Веднаш полнете го џемот во загреани тегли, затворајте ги со капаци и превртувајте ги теглите наопаку за да се вакумираат. Завиткајте ги во нешто и оставете ги така да се оладат.

Ова е класичен рецепт. Некои додаваат цимет, рум, ванилин шеќер, лимонова кора…по вкус, но, искрено, мене сè друго ми е вишок на овој џем.

Фото и рецепт: Александра Босиоциќ Дроњиќ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска