Најздравиот чоколаден мус кој може да се искористи и како крем за торти

Направете си вкусен и здрав чоколаден крем, прекрасен десерт за децата.

Во продолжение прочитајте два рецепти за здрав чоколаден крем, од кој едниот се приготвува со авокадо, а вториот со кокос.

Рецепт 1

Потребни состојки:

2 плода авокадо (240 г)
½ чаша (од 250 мл) какао во прав
1 прстофат сол
3-4 лажици млеко
½ лажичка екстракт од ванила
¼ чаша јаворов сируп или мед (или по ваш избор)

Постапка:

Loading...

Одберете квалитетно какао во прав или некое квалитетно темно чоколадо со висок процент на застапеност на какаото. Доколку користите чоколадо, тогаш потребно е претходно да го растопите на пареа или на тивок оган.

Авокадото е потребно да биде убаво созреано. Излупете го, отстранете му ја семката и исечкајте го на помали парчиња.

Ставете го во блендер, додадете ги сите состојки и убаво измиксајте додека да се добие изедначена смеса со мазна текстура.

Рецепт 2

Потребни состојки:

2 чаши кокосово млеко
4 лажици мед
2 лажички ванилин екстракт
4 лажици какао во прав

Постапка:

Кокосовото млеко замрзнете го барем еден час пред подготовката. Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете убав мазен крем. Декорирајте со свежи овошни плодови, шлаг или крупно рендано чоколадо.

Loading...