Брзо, лесно, едноставно и вкусно!

Потребни состојки: 5 супени лажици мед, 50 г шеќер во прав, ¼ пакување путер (околу 65 г), 50 г црно чоколадо за готвење, 50 г сечкани ореви, 100 мл мелени бисквити и 100 г сусам

Постапка: сусамот испечете го во тавче (без додавање масло). На тивок оган растопете го медот и шеќерот во прав. Додајте путер и чоколадо, па мешајте додека сето да се растопи и соедини.

Тргнете од оган и во смесата додајте сусам, ореви и мелени бисквити. Убаво соединете и веднаш распоредете во калап за тријаголници.

Калапот е најдобро претходно да се обложи со фолија или пластична кеса за замрзнување. Доста брзо се стегнува, но сепак пред сечењето најдобро е неколку часа да отстои во фрижидер.